погледи
Евроатлантското сонце на Македонија
Во динамичниот свет во кој живееме денешното освојување на демократскиот простор, утре веќе станува основа за ново освојување. Затоа одговорноста станува се поголема, барем од етички аспект.
Македонија е млада демократија. Прифаќањето на темелните демократски вредности подразбира дека има продемократски општествен карактер. Тоа е нејзината идеолошка матрица и пред с$ тоа е цивилизациската определба на нејзините граѓани. Доколку сакаме да навлеземе подлабоко во анализа, тогаш вниманието ќе ни се сврти кон она млада во демократијата што ја имаме. Тоа накусо подразбира недоволно изградена (или изживеана) демократска традиција и оттука недоволно изграден демократски амбиент - демократска (процедурална) пракса - демократска свест - демократски (цивилен) начин на живеење. Тој недостаток овозможува вакуум за манипулација од различни мотиви, чија основна цел е избегнувањето на етаблирање на процедурите и институциите. Бидејќи демократијата, како процес и систем, истовремено, е пред с$ придржување кон одредени правила за определено време, во чие царство се уживаат и хармонизираат правата но и обврските на поединецот, групите и заедницата во целина. Побрзото разбирање и имплементирање на овие права и обврски значи и создавање услови за побрз развој и благосостојба. Тоа е карактеристика на демократиите, што е и случај со нашата држава и општество, Република Македонија.
Меѓутоа младата демократија исто така подразбира и лесно кршлива демократија, што и се докажа во деведесеттите години на минатиот и почетокот на овој век, деценијата на крвави судири и деструкции во нашиот регион. И тогаш, колку црно да изгледаше иднината, сепак лебдеше вистината дека во целата таа несреќа, нашата среќа е што сепак сме дел од Европа. Територијално и цивилизациски. Како дел од западната цивилизација, нашите општества се прилагодени (ако веќе на постои цврста традиција што ќе ефектуира контрибуција) за полесна апсорпција на вредностите на слободата, демократијата и човековите права, што во случајот е огромна предност. На тој начин главниот фактор кој ја придвижи нашата ориентација кон демократијата и прогресот беше и с$ уште е таканаречениот евроатлантски процес на интеграција. Тоа сонце, до кое за среќа сме на завидна близина, влијателно сјае кон нас и со својата енергија придонесува до целосно затоплување на нашето државно тело, во сите негови структури. А бидејќи за сонцето не постојат граници како што ние луѓето ги разбираме, тоа свети за сите, вклучително и за нашите соседи, што е уште еден аргумент во корист на интеграцијата. Убеден сум дека немаше да ја имаме истата судбина доколку не бевме толку блиску до сонцето. Не само поради тоа што ќе имавме иманентен недостаток на (изразено) ослабната апсорпција на вредностите на сега веќе глобалниот систем на демократија, или да ја поставам дилемата поинаку: тешко е да се измери контрибуцијата на нашиот сопствен напор да се направат промените кон интеграцијата?!
Се сомневам дека ќе можевме да ги издржиме предизвиците н турбулентните времиња со кои се соочувавме, бидејќи многу пати се потврдуваше недоволниот капацитет на општеството во целина, но пред с$ на најодговорните, политичките фактори, прво, да го разберат, второ, искрено да му се посветат и трето, да го водат и решавааат интегративниот процес, дополнително имајќи ја предвид неговата мултидимензионалност, комплексност и динамичност. Затоа, буквално во сите реформи во Македонија од нејзиното осамостојување, од најголемата, таканаречениот Охридски рамковен договор, до баналните, како заштитата на правата на сопственост во новото капиталистичко општество или финансиската независност на третиот столб на власта - независното судство преку институтот Независен судски буџет, до последната препорака за дефинитивно започнување на реформите во здравствениот систем итн., се чувствува некогаш нежниот, а често и силниот, топол зрак на сонцето. Секако дека патот кон сонцето не е ни малку лесен. Затоа е потребна мудрост пред с$ на носителите на процесите, тој пат да се забрза, односно да се создаде амбиент целиот општествен систем да се мобилизира и да се постави во позиција на контрибуција. Простор има за сите - тоа е впрочем демократијата. Во динамичниот свет во кој живееме денешното освојување на демократскиот простор утре веќе станува основа за ново освојување. Затоа одговорноста станува с$ поголема, барем од етички аспект.
Колку е демократскиот простор поголем, толку и генералната апсорпциска моќ на општеството се зголемува. Еден од основните фактори за забрзана апсорпција е образованието. Едуцираното граѓанство во современи термини е од примарно значење за развојот на едно општество. На тој начин апсорпцијата која ќе станува с$ поефикасна преку евроатлантските реформи ќе н$ одведе до големата цел, да станеме дел од сонцето, да се интегрираме во него и потоа да продолжиме да ја шириме енергијата по нас, за останатите.
Лазар Еленовски (авторот е генерален секретар Евроатлантскиот клуб на Македонија)
|