Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 79  Прашања и одговори

Финансирање од страна на ЕУ

За прашања поврзани со финансирањето од страна на ЕУ, инструментите кои ги нуди, кој е начинот на аплицирање на граѓанските организации, во прилог се одговорите до страна на ЕЦАС (Еуропеан Цитизен’с Ацтион Сервице) кои беа одговорени во рамките на Бирото за помош на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, чиј секртарјат се наоѓа во МЦМС.

Како ИПА цели на граѓанскиот сектор?

Како што е наведено во Стратегијата за проширување и главните предизвици 2007-2008, издадена од Комисијата на 6 ноември 2007 година, Комисијата ќе основа нова финансиска програма во рамките на ИПА за развој на граѓанското општество и дијалог. Ќе се планираат национални проекти и проекти за повеќе корисници координирано, со цел да се поттикне развојот на граѓанското општество во секоја држава. Целта ќе биде да се зајакнат телата на граѓанското општество и нивната улога во политичките процеси, да се зголеми капацитетот на граѓанските организации за развој на прекугранични проекти и мрежи и претставниците на граѓанското општество и водачите на мислења да се запознаат со работата на ЕУ. Програмата ќе го подобри капацитетот на локалните граѓански организации за граѓанска мобилизација, застапување, развој на проекти и управување со цел да се поттикне мрежно работење и ќе го поддржи нивниот дијалог со соодветните тела во ЕУ. Ќе се покријат следниве сектори: човекови права, еднаквост на половите, социјална инклузија, здравство, животна средина, деловно посредување и застапување, заштита на потрошувачите. Програмата ќе промовира соработка и пренесување практично знаење помеѓу бизниси, синдикати и професионални организации во земјите партнери и соодветните организации на ниво на ЕУ. Ќе се основа и програма на посетители за да се запознаат со клучните креатори на мислења поврзани со работата на ЕУ, кои се активни во националната и локалната политика, религијата, новинарството, синдикатите, бизнис-здруженијата и да ги поврзе со нивните колеги од ЕУ. Конкретни информации за оваа програма ќе бидат достапни на почетокот на 2008 година.

Кои се, во главни црти, новите правила во ИПА во споредба со КАРДС?

Општо земено, со ИПА граѓанските организации од потенцијалните земји кандидати се подобни за финансирање само со првата и втората компонента, додека граѓанските организации од земјите кандидати се подобни за сите пет компоненти. Во однос на процедуралните правила, не постои голема промена во зависност од видот на засегнатиот договор.

Доколку една граѓанска организација никогаш немала ревизија во изминатите проекти, дали тоа ќе биде пречка да аплицира за фондови на ЕУ?

Постојат различни правила според видот на договорот. Кога станува збор за „Грант” (почесто употребуван за финансирање активности на граѓански организации), апликацијата ќе го покаже правниот статус на апликантот и неговиот финансиски и оперативен капацитет да го спроведе предложеното дејство на програмата за работа. За таа цел, апликантот треба да поднесе декларација за добар углед и, за апликации за грант над 25.000 евра, потребни се дополнителни документи, врз основа на неговата процена на ризик, од страна на одговорно ополномоштено лице. На потребата за вакви документи ќе се укаже во повикот за предлози. Дополнителните документи може да бидат сметка на приходи и расходи и биланс на состојба за последната финансиска година за која се затворени сметките. Кога станува збор за грантови чиј износ е поголем од 500.000 евра или оперативни грантови, треба да се поднесе извештај за ревизија од страна на одобрен надворешен ревизор. Тој извештај ќе ги потврди сметките за последната финансиска година. Одредбите на првиот потстав ќе се применат само на првата апликација направена од страна на корисник за ополномоштено лице во која било буџетска година. Во случај на договори кои ја поврзуваат Комисијата и неколку корисници, праговите можат да се применат на секој корисник.

Доколку локална граѓанска организација нема средства за кофинансирање во некоја активност, дали е возможно во тој случај таа да аплицира за финансиски средтсва на ЕУ?

Кофинансирање под централизирано управување може да се обезбеди на паралелна основа, бидејќи Комисијата се јавува како изведувач. Сепак, во случај на грантови, крајните корисници треба да придонесат за трошоците на проектот во зависност од членот 169 од Одредбата за финансии и членот 253 од Правилата за спроведување на одредбата за финансии. Овие членови дозволуваат (во ис­клу­­­­чи­телен случај) дерогација од кофинансирачка потреба во случаи на хуманитарна помош, кризни ситуации, активности кои резултираат од спроведувањето на финансиските договори со трети земји и активности со меѓународни организации во рамките на значењето на членот 43 од Правилата за спроведување на одредбата за финансии. Како и да е, по потпишувањето на договорот за проект, Комисијата треба да им ги префрли парите на невладината организација што е можно побрзо.

Со оглед на тоа што финансирање на трети страни од грантот не е дозволено, каков вид помош можат да очекуваат малите невладини организации?

Финансиска поддршка на трети страни од страна на корисникот на грантот сега е можно до одреден степен. Кога спроведувањето на активноста бара финансиската поддршка да се даде на трета страна, корисникот на грантот може да понуди ваква финансиска поддршка под услов да се исполни следново:

а)            финансиската поддршка да не е при­марна цел на активноста;

б)            износите да бидат многу мали, т.е. да не надминуваат 10.000 евра за секоја трета страна.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA