Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 27 Мај 2003

   

ИНТЕРВЈУ: ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ,

ФОНДАЦИЈА КРАЛ БОДУЕН

 

Нашето наследство е она што ние го сметаме за вредност и што им дава значење на нашите животи и на местата во кои ние работиме и живееме - затоа тоа мора да се одржи, да биде живо. Тоа е она што ние го подразбираме под „Живо наследство“ - вели г. Де Керхов.

Маријана Иванова

Кога го правевме ова интервју, г. Фабрис де Керхов беше во една од своите посети на Македонија, кои се случуваат барем два пати годишно. Како што вели тој, Македонија, и воопшто балканскиот регион, ги чувствува мошне блиски - благо­дарение на честите посети во склоп на про­грамата „Живо наслед­ство“, чијшто е коорди­натор.

Г. Де Керхов од 1995 година работи во белгиската фондација Крал Бодуен, каде што е одго­ворен за оваа програма. Пред да и' се придружи на оваа мошне почитувана фондација, тој ра­ботел како критичар, пре­ведувач и уредник во повеќе магазини посветени на култу­рата, како и асистент-куратор во неколку му­зеи во Брисел и во Њујорк, а на крајот како консул­тант. Студирал исто­рија и култу­рен менаџмент во Брисел и Њујорк.

Со г. Де Керхов разговаравме за Програмата „Живо наследство“ во Македонија, за можностите помалите општини да го пре­познаат своето традиционално културно наследство како ресурс за развојот, за работата на Фон­дацијата Крал Бодуен во Македонија.

Г.С. - Ве молам за кусо запознавање со Фондацијата Крал Бодуен.
Ф.К. -
Фондацијата Крал Бодуен е независна белгиска фондација која работи од 1976 година на подобрување на животните услови на населението. Оттогаш, ние се фокусираме главно на четири програми:„Социјална правда“ е програма која открива нови форми на социјална неправда и поддржува ини­цијативи кои им даваат поголема самос­тојност на ранливите групи луѓе. Во„Гра­ѓанско општество“ ги охрабруваме луѓето да се вклучат и се обидуваме да ги зајакнеме организиациите. Програмата „Владеење“ го поддржува вклучувањето на граѓаните во процесите на одлучување во областа на потрошувачката на добра и услуги и во развојот на медицинските науки. Низ про­грамата „Фонд за модерна филантропија“, Фондацијата ги развива модерните форми на дарежливост. Доставуваваме информации на донаторите и им нудиме орудија кои ќе им помогнат да се ангажираат во филан­тропијата. Како европска орга­низација, со седиште во Брисел, ние се' повеќе сме активни на европско и меѓународно ниво. Користиме различни методи на работа: даваме помош на проекти, покренуваме сопствени ини­цијативи, организираме се­минари и изгот­вуваме извештаи, публикации и друго.

Г.С. - Во кои области Фондацијата е ак­тив­на во Македонија?
Ф.К. -
Фондацијата Крал Бодуен во Маке­донија е активна преку три иницијативи кои се однесуваат пред се' на деца и млади во ризични состојби, на подобрување на меѓуетничките односи и преку Програмата „Живо наследство“.

Г.С. - што претставува Програмата „Живо наследство“, чијшто коорди­натор сте Вие?
Ф.К. -
Тоа е иницијатива која го поттикнува развојот на локалните заедници во Југо­источ­на Европа, преку промоција на одржливи проекти за културата и наследството. Оваа тригодишна програма комбинира грантови, градење на капацитетите и техничка помош. Во Македонија беше лансирана во 2001 година, а сега работи и во Бугарија, во Романија и во Босна и Херцеговина. „Живо наследство“ се изградува врз иновативен пристап кон наследството и неговата интер­акција со локалните заедници. За разлика од вооби­чаените типологии, наследството тука се подразбира како ресурс, една форма на социјален капитал кој може да при­донесе во околината и во квалитетот на животите на луѓето во тие заедници. Поради тоа, Про­грамата повикува на гло­бален пристап на вклучување на сите заинтересирани стра­ни во развој на проекти. Досега во споменатите др­жави раз­вивме 45 про­екти, од кои 19 во Македонија, каде Про­грамата е најна­предната. Поддржуваме раз­ни про­екти, од реха­билитација на мала ули­чка во историскиот цен­тар во Бра­сов (Ро­ма­нија), се' до проект за орал­ната историја кој има за цел да го оживее сеЌа­вањето во старото село Ива­ново (Бу­гарија).

Фондацијата Крал Бодуен многу верува во партнер­скиот приод во работата. Во секоја држава Програмата се спроведува во форма на партнерство кое вклучува не само финансиски партнери, како што е Фондацијата Ин­ститут отворено оп­штество - Македонија, туку и локални невладини организации одговорни за ко­орди­нацијата на проектите. Партнерите развиваат стратегија која нај­добро се вклопува во локалниот контекст.

Г.С. - Како оваа Програма го разбира концептот на културното наследство? Зошто „живо“ наследство?
Ф.К. -
Живото наследство промовира широко сфаќање на наследството, кое оди понапред од традиционалните типологии, како при­родно, архитектонско, движно или нед­вижно. Оваа програма е отворена кон посуптилните сфаќања на живата исто­рија, сеќа­ва­њата, тра­ди­цијата и актив­ностите на луѓето. Ваквото сфаЌање на наследството е во линија со тековните раз­мислувања и на меѓу­на­род­­ните орга­ни­зации како УНЕС­КО, кое неодамна ја отвори својата Листа на светското наслед­ство и за ваквите форми на наслед­ство. Уште повеќе, оваа еволуција се гледа во ско­решниот меѓународен текст каде типологиите и катего­риите на наследството се заменети со концепти како интегрирана конзервација и културен пејзаж, кои го раз­бираат наследството во мно­гу поширок контекст, како кул­турно, природно, соци­јално и економско. Ва­ква­та ево­луција исто така пока­жува како заштитата и упра­вува­њето со наслед­ството прерас­нуваат во една заедничка одговорност, која зависи повеќе од кога и да е на способностите на заед­ниците да ги вреднуваат вредностите на спомениците. Во овој поглед, растечките успеси на настаните за подигнување на јавната свест, како на пример Денови на европското наследство, се важни за иден­тификацијата на овие вред­ности од поши­роката јавност. Со други зборови, нашето наследство е она што ние го сметаме за вредност и што им дава значење на нашите животи и на местата во кои ние работиме и живееме - затоа тоа мора да се одржи, да биде живо. Тоа е она што ние го под­разбираме под„Живо наследство“.

Г.С. - Зошто избравте да работите во мали зедници, села и мали градови, до 25.000 жители?
Ф.К. -
Оваа одлука ја донесовме по евалу­ацијата на пилот-фазата на Програмата „Живо наследство“ во Македонија, во која бевме фокусирани на поголеми градови. Причината е двострана - прво, сфативме дека во малите населби има поголемо чувство на заедништво, и второ, сфативме дека мора да ја намалиме големината на проектите за да овозможиме вистински партиципаторен пристап во кој населението ќе биде во состојба да земе поактивна улога во одлучувањето за самиот проект. Втората фаза на Програмата во Македонија докажа дека овој приод е повеќе на линија на филозофијата на „Живо наследство“. Всуш­ност, и во другите држави каде се спроведува оваа програма, се поддржуваат проекти во мали заедници. Така, овој приод овозможува и плодна регионална размена.

Г.С. - „Живо наследство“ е уникатна програма. што е тоа што ја прави раз­лична од другите?
Ф.К. –
Програмата„Живо наследство“ е уникатна бидејќи го поврзува развојот на заедниците со локалните ресурси и обез­бедува докази за потенцијалите за развој на заедниците. Наследството тука се гледа како ресурс, а не како товар. Друга причина поради која оваа програма е уникатна е фактот дека е базирана на сет од 10 принципи кои потцртуваат еден сет на вредности што ние ги споделуваме како партнери. Така, овој пристап дозволува постојаност во промената како и флек­сибилност. Тоа е многу важно за меѓу­народна програма со силен локален фокус, во која се сретнуваме со различни кон­тексти. Друго нешто за уникатноста на Програмата е партнерскиот приод кој ги вклучува НВО, медиумите, локалните власти, локалните жители. „Живо наследство“ инвестира во луѓето исто колку и во наслед­ството. Всушност, имаме повеЌе вклучени луѓе, отколку проекти.

Г.С. - Во Македонија, Про­грамата завршува оваа го­дина. што е со нејзиниот иден развој во оваа др­­жава?
Ф.К. –
Како што споменав, Македонија е првата држава каде што почна да се спро­ведува „Живо наследство“. Првиот тригодишен циклус ќе заврши на крајот на 2003 година, а во другите држави на 2004 го­дина. Ние сме во про­цес на офор­мување стра­тегија што ќе биде фоку­сирана на проценка на влијанието на Програмата во Македонија, пренесување на искуството што го стекнавме со 19-те проекти, со цел да се влијае врз поли­тиката по­врзана со култур­ното наслед­ство, и ако е можно, да обезбедиме фон­дови за нив циклус на Про­грамата во Маке­донија. 

Во рамките на Програмата „Живо наследство“, во Македонија се поддржани вкупно 19 про­екти, во следниве општини: Галичник, Вра­нешница, Кичевско, Маловишта, Битолско,  Мариово (Старавина и Гра­дешница)  радо­вишките села Аликоџ и Ко­џалија,  Бања Банско, Струмичко, Гевгелија, Доброшта и Нерешта (Тетовско), Гевгелија, Варош кај Прилеп, Кривогаштани, Ростуше и Битуше, Вевчани, Велешта и Делогожда, Каратово, Крушево, Битола, Скопје (Старата Чаршија) и Ново Село, Струмичко.

Проектите се насочени кон развојот на овие локални заедници, преку препознавање и искористување на културното наследство како развоен ресурс.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 27 Мај 2003
Број 27 Мај 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓ. опш.
Тема
Интервју
Погледи
Коментар
Форум
Концепти
Појмовник
Q&A
Претставување
Избор
Број 27 Настани Прославен Националниот ден на Власите
Број 27 Настани Десет “демократски” тетратки
Број 27 Настани Трчачка мировна манифестација
Број 27 Луѓе ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА
Број 27 Тема ГраѓАнските ЗдруЖЕнија Пред Нов Предизвик Со ПоддршКа На ДржАвата
Број 27 ИНТЕРВЈУ ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ
Број 27 Форум Дали можеме самите?
 

©MCMS - designed by KOMA