Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Q&A

   

Q&A

Обврски на непрофитните организации кон вработените и други лица

1. Обврски кон вработените

1.1. Кои се обврските на непрофитните орга­низации во однос на вработените?

Кога непрофитните организации вработуваат физички лица во работен однос, тогаш како и другите правни лица ги имаат сите права и обврски на работодавец. Тоа значи дека подлежат на обврските според Законот за работни односи како општ пропис на работното право, но и на сите други закони и прописи кои ја уредуваат содржината на работните односи.

Согласно на тоа, најважните права и обврски на непрофитните организации како работо­давец се:

- со лицето кое стапува во работен однос во организацијата потпишува договор за работа во писмена форма;
- во рок од 15 дена да се пријави вработениот на надлежната институција за пензиско осигу­рување (Завод за пензиско и инвалидско осигурување) и надлежната институција за здравствено осигурување (Завод за здрав­ствена заштита); и Заводот за вработување;
- на вработениот да му се обезбеди работа во согласност со договорот за работа, да му се исплаќа плата за извршената работа која не може да биде пониска од нај­ниската плата утврдена за одделни степени на сложеност според закон или колективен договор;
- да му се обезбедат на вработениот сите права од работниот однос пропишани со законите, колективните договори или правилникот за работа (пр.храна и превоз, дневен одмор, платен годишен одмор, регрес за годишен одмор, надомест на плата за време на отсуство од работа за време на: празници, бременост, раѓање и мајчинство, нега на дете; преква­лифи­кација и доквалификација; стручно оспо­собување и усовршување на кое е упатен од страна на работодавецот; воена вежба; учество во обука за одбрана и заштита и во други случаи утврдени со закон и колективен договор.)
- непрофитната организација може на врабо­тениот да му го откаже договорот за работа, под услови пропишани со закон, почитувајќи ги притоа правата на вработените и со законот пропишана процедура за откажување на договорот за работа.

1.1.2 Колкави се пропишаните ставки на задолжителните придонеси од и на платата и дали се еднакви за сите вработени?

Ставките на задолжителните придонеси од плата и на платите се пропишани со Закон. За лицата во работен однос се плаќа придонес за пензиско осигурување како придонес од плата и три придонеси кои се пропишани како придонеси на плата (основно здравствено осигурување, посебни придонеси за осигурување од профе­сионално заболување и придонеси за вра­ботување).

Со Законот за задолжително осигурување пропишани се следните ставки на придонеси на плати:

1. придонес за здравствено осигурување по ставка од 9,2%;
2. придонес на плата во случај на повреда на работа и професионални болести по ставка од 0.50% и
3. придонес за вработување на плата по ставка од 1,60%.

1.1.3 Која е најниската основица за пресме­тување придонеси на и од платите?

За лицата кои се во постојан работен однос со полно работно време најниската основица за плаќање на задолжителните придонеси (по гранки) е објавена во месечните економски билтени.

Основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигу­рување од платата за работниците кај рабо­тодавците претставува бруто платата во која се содржани придонесите и даноците што се плаќаат од платата, односно основицата од која е пресметан надоместокот на платата.

Основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигу­рување, не може да биде пониска од 65% од просечната нето плата по работник во сто­панството на Република Македонија објавена во тековниот месец.

Основицата за пресметување и плаќање на придонесот од платата, односно основицата на осигурување не може да биде повисока од три просечни плати по работник во стопанството во Република објавена во тековниот месец.

За лицата во работен однос со скратено работно време (работно време пократко од 40 часа неделно) најниската основица за плаќање придонеси за пензиско осигурување и придонес за вработување се одредува сразмерно со траењето на скратеното работно време во однос на полното работно време. Основицата за плаќање на здравствените придонеси во случајот на вработување со скратено работно време е еднаква на најниската основица пропишана за полно работно време.

Основица за пресметување и плаќање на придонесот за задолжително здравствено осигурување за осигурениците на кои се утврдува плата е бруто платата и надоместокот на плата т.е. платата во која се содржани и придонесите и даноците што се плаќаат од платата, односно надоместокот на плата. Основицата за пресметување на придонесот не може да биде помала од најниската плата по работник утврдена со колективен договор  помножена со просечниот коефициент на сложеност на трудот кај работодавецот.

Основица за пресметување и плаќање на придонесот за вработување е бруто платата.

1.1.4. На кој начин се оданочува пла­тата на вработените?

Според Законот, работодавецот при исплата на платата на своите вработени е должен да пресмета персонален данок од плата и го уплати на пропишаните уплатни сметки. Персоналниот данок на плата се пресметува на основицата која ја прави вкупниот износ на сите примања намален за со Закон пропишани придо­неси кои се пресметуваат како придонеси од плата и лично ослободување.

Износот на личното ослободување на почетокот на секоја година се валоризира со коефициентот на порастот на про­сечната месечна нето плата на вра­ботените во Републиката остварена во предходната година, според податоците на Државниот завод за статистика

1.1.5. Кој е законскиот рок за исплата на плата?

Според Законот за работни односи, платата се пресметува и исплатува најмалку еднаш месечно. Придонесите и даноците на плата на работникот ги плаќа работодавецот најдоцна до 15-ти наредниот месец.

1.2. Кои се задолжително пропишаните евиден­ции за пресметување и исплата на плати?

При пресметката на платите, покрај налозите за плаќање на придонесите и даноците, рабо­тодавецот е обврзан да го потполни: образецот ПДД-МП и месечните статистички извештаи.

Работодавецот е исто така  обврзан да ги води и следните годишни евиденции за исплатените плати: Годишна пријава на исплатувачот и М-4 – пријава на податоци за утврдување на стажот на осигурување и платите за тековната година.


Подготвиле, 
Емина Нурединоска и Милка Божиновска-Миова


 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA