Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 76  Избор

Излезот на Никола Груевски

Младиот и динамичен премиер на Македонија, Никола Груевски, штотуку ја издаде својата магистерска теза во облик на книга со наслов „Излезот”. Во една поранешна книга напишана заедно со коавторот на освртот на ова издание, а под наслов „Македонија на крстопат” (1998), Груевски ги изложува истите теми и сугерира слични решенија. Она што изненадува е фактот што неговата претходна книга не се споменува никаде во новото издание, а впрочем интересно е и откритието дека Груевски ја имал истата визија за Македонија уште во 1998 г. И токму тука лежи изворот на моето несогласување со дел од неговиот труд: во изминативе десет години, светот се промени, а економските истражувања напреднаа.

Македонија не е позната како бастион на економски студии. Повеќето македонски професори се образовале и ја стекнале својата пракса за време на социјалистичкиот режим на Тито и за нив транзицијата кон капитализам е прилично збунувачка. Многумина од нив не зборуваат ни англиски. Токму затоа, Груевски успеал да произведе еден сеопфатен, образовен и провокативен осврт на темите кои се разработуваат во неговиот труд. Книгата на Груевски е и повеќе од соодветна и може да се носи со голем број учебници, но само како вовед во темата за странски директни инвестиции и нивната улога во новите транзициски економии во развој.

Но, по с$ изгледа дека двата столба кои треба да го претставуваат излезот за македонската економија се прилично нестабилни. Македонија не може да се споредува со Ирска, со Сингапур, па дури ниту со Романија ни со Полска. Овие земји имаат предности за кои Македонија може само да сонува: блискост до мегапазари, познавање странски јазици, многу повеќе домашно население... Нивното искуство е неприменливо во Македонија која е затворена со копно од сите страни, со слабо државно уредување и ксенофобично и недоволно образовано население.

Уште поважна е тоа што улогата на странските директни инвестиции (СДИ) во промовирање на растот и одржливиот развој никогаш не била потврдена. Не постои дури ниту прецизна дефиниција за таквата појава. Во повеќето земји во развој, други приливи на капитал, како на пример назнаки од странство, а не СДИ и ОРП (официјална развојна помош) се поголеми и се сметаат за посигурни.

Неколку студии покажуваат дека домашните инвестициски проекти имаат покорисни (трицкле-доњн) ефекти за локалните економии. Така, близу две третини од СДИ се лоцирани кај богатите земји, и тоа во облик на спојувања и припојувања (мерџери и аквизиции - М и А). С$ на с$, СДИ претставуваат едвај 2% од глобалниот бруто-домашен пприход (БДП).

СДИ не би можеле автоматски да се претстават како нето-прилив на девизи. За почетокот, многу мултинационални и транснационални „инвеститори” позајмуваат пари локално со поволни камати и на тој начин ги финансираат своите проекти. Ова претставува нефер конкуренција со локалните компании и го исфрла домашниот приватен сектор од пазарите за кредитирање, дислоцирајќи ги ивестициите во процесот.

Многу транснационални корпорации се нето-конзументи на заштеди кои ги празнат локалните резервоари, оставајќи ги другите претприемачи самите на себе. Во тој поглед, во процесот на распределба на финансиите и странските банки се понаклонети и повеќе се грижат за потребите на понеризичните сегменти на бизнис-сцената (читај: странските инвеститори).

Згора на тоа, колку е попрофитабилен проектот, толку е помал и нето-приливот на странски финансии. Во некои земји во развој, профитот кој си го повратиле  „мултинационалците”, ја надминува сумата на вкупните СДИ. Овој непријатен исход уште повеќе го влошуваат исплатите на каматите во случаите каде инвестициите се финансираат со долгови,  или пак други давачки, како на пример одлив на хонорари, дивиденди и разни такси. Да не го споменуваме тука и „звукот на цицањето” кој го произведуваат некои квазилегални практики, како на пример трансферно одредување цени и слични „мутации” на креативното сметководство.

Повеќето земји во развој повеќе немаат потреба од странски пари. „Земјите од третиот и четвртиот свет” контролираат три четвртини од глобалните девизни резерви. „Сиромашните” (Југот) сега им позајмуваат на богатите (Северот) и се наоѓаат во позавидна положба од нето-кредиторите. На Западот му пресушуваат резервите на заштеда од Југот и од Истокот, најмногу со цел да ја финансира незаситната потрошувачка на своите жители, како и разните домашни капитални балони.

Сепак, како што би ви одговорил секој студент на прва година по економија, СДИ не се однесуваат само на девизите. Тие го поттикнуваат трансферот на менаџерски вештини, интелектуална сопственост и технологија, креираат работни места и го подобруваат квалитетот на призведените стоки и услуги. И пред с$, го промовираат извозниот сектор..

Сево ова е повеќе или помалку точно. Поддржувачите на СДИ си ги остваруваат своите цели, додека СДИ не ги поттикнуваат, туку само ги следат растот и стабилноста. Странските инвеститори ги привлекуваат приказни за успех и тие се насочуваат кон замји кои се веќе развиени, политички стабилни и со значителна набавна моќ.

Странските инвеститори си заминуваат веднаш штом почувствуваат или видат и најмал знак на закана, немир или намалено богатство. Во тој поглед, подеднакво тешко можеме да се потпреме и на СДИ. Студиите покажале како мултинационалните компании побрзале да си ја повратат заработувачката и да ги вратат заемите штом има и најмал предзнак за неволја. Поради сево ова, можеме да речеме дека СДИ се делумно проциклични/периодични.

Што станува тогаш со вработувањето? Дали СДИ се вистинскиот лек кој го бараме?

Секако не. Странските проекти се капитално-интензивни и трудово-ефикасни. Странците инвестираат во машинерија и интелектуална сопственост, но не во плати. Вештите работници добиваат плати кои се прилично повисоки од домашниот просек, а сите други заслабнуваат. Повеќето мултинационални компании ангажираат изведувачи кои, за да си ја завршат работата, честопати носат работници од различни континенти. Домашното население ретко профитира, а дури и откако и кога тоа ќе најде вработување, тоа е привремено и лошо платено. М и А, кои, ако се сеќавате, сочинуваат 60-70 % од сите СДИ, се познати по суровото генерирање „загуба” на работни места.

Во крајна линија, СДИ го поткрепуваат владиниот буџет, но во земјите во развој каде без исклучок владее „клептократија”, повеќето од парите исчезнуваат во длабоките џебови, во мрсните дланки или на сметките на швајцарските банки. Таквиот „придонес” на и онака осиромашената економија, најчесто доведува до надувување на капиталните балони (најчесто во облик на недвижен имот) и до продолжување на неодржливиот и опасен подем, по кој ќе следуваат болни падови.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA