Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 79  Репортажа

Граѓански отпор за рестартирање на велешката Топилница

Зелената коалиција упорна за дислоцирање на загадувачот

Во Велес на 16 февруари беше навистина живо. Во центарот на градот во пицеријата „Снупи” се одржуваше манифестацијата „Велешка пастрмајлија” на која се собираа наменски средства за Детското одделение во Градската болница. Акцијата ја организира Фондацијата „Фокус”, во соработка со општината Велес, а со свои пастрмајлии учествуваа десетина ресторани од градот и еден ресторан од Штип, како и  неколку винарии од земјава. Денот беше студен, но и многу сончев и дејствуваше релаксирачки, што влијаеше на едно место да се соберат голем број граѓани кои јадеа, донираа 33.000 денари, пиеја вино, слушаа музика, ги поздравуваа наградените мајстори за хуманоста. Убавиот ден и даваше поразлична димензија на градската панорама, во која меѓу редица впечатливи објекти доминира и Топилницата за олово и цинк „Злетово” која тие денови го доби и новиот сопственик, фирмата „Минеко” регистрирана во Швајцарија.

Иако затворена од 2003 година, Топилницата е  потврден голем загадувач на животната средина, која влијае на загрозување на здравјето на велешани, а паралелно со тоа и на јакнењето на еколошката свест и отпор. Отпорот на граѓаните организиран преку Зелената коалиција, мошне актуелна со своите настапи и барања за дислокација на загадувачот надвор од градот, наиде на одобрување кај пошироката јавност, кај поединци, кај различни здруженија, а поддршка изразија и Македонската православна црква и Исламската верска заедница. 

На Велес му се случува 1973  година

„Дефинитивно во Велес се случува квалитативна промена во односот кон Топилницата. Се размислува и се разговара со поразладени глави, како да се најде излезно решение. Целиот претходен процес на дејствување преку кампањи е претворен во движење. Свеста е подигната на демократско ниво за дебатирање, дали фабриката треба да биде таму каде што е. Околу 90 проценти од граѓаните велат дека таа не треба да работи на истото место каде што е сега, дека треба да биде пренесена на друго место или да биде изградена нова.  Според Архуската конвенција и Локалниот еколошки план, по сите акти и закони  во Македонија, како и според правилата за добивање А - интегрираната дозвола, граѓаните мораат да бидат вклучени во донесувањето на одлуката. Ние дигаме глас против загадувањето години наназад, а притисокот е поголем во последниве 4–5 години. Сега повторно ни се случува 1973-тата година, кога некој сам одлучувал каде да се подигне загадувачот. Сега државата повторно треба да одлучи дали ќе има или не здрава животна средина во градот”- посочи Диме Велев, програмски директор во Фондацијата Фокус, која заедно со Организацијата на жените, Здружението на родителите за грижа за здраво поколение, Здружението на родителите на децата заболени од церебрална парализа, Еколошкото друштво „Вила Зора”, Извидничкиот одред „Димитар Влахов”, еколошката групација „Грин пауер” и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, ја сочинуваат актуелната коалиција. 

Меѓу граѓаните кои јадеа пастрмајлии беше и Маријан Николов, еден од тројцата велешки пратеници во републичкото собрание кој потврди дека ја поддржува иницијативата на Коалицијата од почетокот. „Сега е моментот кога треба да се реши проблемот со загадувањето. Главна улога треба да земе Владата која треба да постави јасни услови под кои Топилницата треба понатаму да работи за да се спречи понатамошното загадување.   Ние како велешани, граѓани без оглед на нашата верска и политичка припадност треба да се обединиме околу идејата проблемот со загадувањето да се реши” - изјави пратеникот.

„Го мобилизираме градот, граѓанските здруженија интелктуалците, граѓан­скиот сектор за да поставиме зелен штит во одбрана на животната средина. Во овој период се одржуваат и разни собири на таа тема, еден дел од членовите на Грин пауер се соблекоа и голи, ја симнаа гордоста на земја за да ја покажат цврстината и одлучноста на својот став. Мислиме дека владата може да најде модус да ја смести Топилницата на соодветно место каде нема да загадува, а такви места има неколку во земјава. Владата знае за кои локации се работи, веруваме во нејзината прагматичност, но ни се чини дека таа сега калкулира. Нема да остапиме ни сантиметар. Ќе останеме на браникот на градот заедно со граѓаните кои во овие 20 години  созреаја еколошки. Ниедна влада не направи ништо сериозно досега за да го спречи загадувањето, а загадувачот го кршеше законот. Велес како никогаш досега не бил поблиску до консензус” – изјавија, со нескриена верба и ентузијазам, двајцата коалициски партнери, Ангелче Гушев од Извидничкиот одред  „Димитар Влахов” и Игор Смилев од еколошката групација Грин пауер.

Кире Кочов, од еколошкото друштво „Вила Зора”, смета дека во Велес се случуваат поголеми, видливи промени, дека претходно граѓаните биле  порамнодушни, но кога се интензивирал проблемот со загадувањето, кога било  укажано на здравствените проблеми, луѓето почнале да гледаат на својата реалност поинаку. „Се обудуваме да укажеме дека Тополницата освен што загадуваше, ништо друго не остави во градот. Не ја гледаме смислата така повторно и да работи. И јас сум ’топилничарско дете’, родителите работеа таму, земаа поголема плата, но сега се под стечај. Поборник сум Топилницата да се отвори на друго место, за да има смисла нејзиното постоење”  - изјави Кочов.

Апел до Владата за искреност со инвеститорите 

Друштвто на родителите за грижа за здраво поколение евидентирало 300 се деца заболени од болести кои се јавуваат како последица од загадувањето предизвикано од Тополницата. За жал, бројот на членството по таа основа се зголемува, но и револтот кај родителите, граѓани кои се свесни за последиците од долгогодишното загадување на атмосферата. Државниот, пак, инспектор за животна средина, Славчо Ристов коментирајќи ги  случувања со загадувањето, потенцира дека сегашните концентрации на сулфур двооксид во атмосферата се 3-4 пати помали во однос на минатите години. „Постепено ќе се ревитализира почвата, водата, воздухот од досегашното загадување. Но што и да се случува,Топилницата не може туку-така да почне да работи, мора да добие еколошка дозвола, на чиешто издавање во голема мера влијае и учеството на јавноста. Влијае и локалната власт, но јавноста е клучна, таа треба да си го каже своето мислење”.

Градоначалникот Аце Коцевски, кој како и Советот на општината ја прифати иницијативата на Зелената коалиција за промена на генералниот урбанистички план на градот со кој се предвидува дислокација на загадувачкиот објект, потенцира дека граѓанскиот отпор е резултат на силно развиениот невладин сектор во Велес, на развиената еколошка свест и совест.

„Во Велес многу почувствително од другите градови, Кавадарци, на пример, граѓаните реагираат на загадувањето, со исклучок на семејствата на дел од вработените од Топилница. Огромен дел од граѓаните се согласува со ставот на Коалицијата, а тоа ме охрабрува. Нема друга алтернатива, освен Топилницата да ја нема повеќе на сегашната локација” - вели Коцевски и потенцира дека ова се големи и тешки моменти за Велес кога треба да се донесат одлуки од судбинско значење. „Ако некогаш гемиџиите ги жртвувале своите млади животи за да го привлечат вниманието на светската јавност за состојбите во Македонија, најмало нешто што можеме ние да направиме денес као гемиџии на новото време, е да ги жртвуваме нашите функции, ако тоа треба да биде цената за да ја нема Топилницата на сегашната локација. Подготвен сум, заедно со моите пријатели од Зелената коалиција, ако треба да правиме и жив ѕид, само да се дислоцира. Никаков профит не може да биде поважен од здравјето на луѓето” - рече градоначалникот, кој ги предупредил новите сопственици на загадувачот на можниот жесток отпор од граѓанскиот сектор и граѓаните доколку Топилницата за олово и цинк остане на истото место. Го израдувал фактот дека владиниот портпарол тие денови изјави дека Владата го поддржува ставот на Коалицијата.

„Не вознемирија неодамна резултатите презентирани од Природно-математичкиот факултет дека освен присуството на олово, цинк и кадмиум во Велес, сега во анализите  правени во Москва, е констатирано и присуство на жива, арсен и на индиум кои се познати како најопасни загадувачи. Наместо да се размислува за рестартирање на Топилницата, апелирам до Владата да го спречи нејзиното отворање на истата локација и итно да ни помогне заедно со  меѓународната донаторска заедница која е заинтерсирана да се обезбедат средства за  да се направи ремедијација (прочистување на кругот на Топилницата, на почвите на земјоделското земјиште во Башино Село и Оречани , како и да се исчистат површните на градските паркови и на јавно прометните површини). Апелирам до Владата на потенцијалните инвеститори да им ја каже вистината, бидејќи ние ќе вршиме силни притисоци. Можеби нема да можеме да го спречиме рестартирањето ако владата биде упорна, но ќе вршиме пристисок врз неа, доследно да ги почитува законските прописи и да ја затвора Топилницата секогаш кога ќе емитува поголеми количества загадувачки материи. Чесно е да му се соопшти на инвеститорот дека колку и да вложува, нема да може да ги исполни условите и да добие А - интегрирана еколошка дозвола, да обезбеди услови за здрава животна средина, поради што ќе биде затворан. Инвеститорот веројатно би се преиспитал и наместо да фрли 30 милиони евра во Топилницата, подобро да даде уште толку и да изгради нова, затоа што бизнисот со олово и цинк е многу вносен во моментов”- изјави градоначалникот на Велес.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA