Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 16 Мај 2002  Погледи

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

ПОГЛЕДИ


М-р СЛАЃАНА ТАСЕВА, Извршен директор на Транспарентност Македонија


 
Граѓаните и корупцијата


Корупцијата најчесто се дефинира како злоупотреба на јавните функции (овластувања) за остварување лични цели. Оваа дефиниција не е доволно широка за да ги опфати сите можни облици на корупција затоа што, иако казниви со закон, поткупот, нудењето услуги, злоупотребите и корупцијата во јавните набавки не се целосната суштина на овој проблем. Проблемот е многу подлабок и се наоѓа во строгата нетранспарентност на постапките на државната управа која создава можности за злоупотреби на системот од страна на групите кои го раководат и кои, по пат на корупција, ги ставаат личните потреби над заедничките интереси.

До неодамна корупцијата беше тема со која ексклузивно се занимаваа органите надлежни за нејзино откривање и гонење, а овој феномен досега беше набљудуван и третиран исклучиво од аспект на неговата превенција и репресија. До почетокот на деведесеттите години корупцијата како и организираниот криминал се сметаше за проблем на развиените држави. Почетокот на транзицијата како процес кој новите држави што настанаа од поранешниот социјалистички блок со себе ги донесе сите предизвици. Избраниците на народот кои започнаа да ја практикуваат власта набргу ги сфатија придобивките од бавност на реформите и економските промени, од приватизацијата, од недоволно етаблираните државно-правни основи на новиот економски и правен систем, од слабеењето на одговорноста и непостоењето ефикасни контролни механизми и систем на взаемна контрола. Анализите покажуваат дека постои една закономерност: колку побрзо се спроведуваат реформите и колку побрзо се воспоставува систем на пазарно стопанство, демократија и правна држава, толку повеќе се стеснува просторот за корупција и други негативни општествени појави.
Република Македонија како држава во транзиција се соочи со проблемот на корупцијата на најлош начин. Едновремено граѓаните соочени со масовна невработеност и социјална беда станаа активни или пасивни соучесници во масовни облици на организиран криминал и корупција. Толеранцијата кон, на прв поглед ситните облици на корупција, претставува пуштање снежна грутка која се претвори во лавина и од поединечна појава прерасна во систем кој го загрози општествениот поредок во целина.

Мошне погубно за перспективите на каква било превентивна стратегија во такви услови делува "мирењето" со корупцијата од страна на јавноста како нормална појава, како "стил на живот". Резултатите од истражувањата покажуваат дека граѓаните корупцијата ја сметаат за голем проблем. Притоа го истакнуваат високиот степен на корупција во сите институции кои треба да претставуваат сервис за граѓаните, од здравството, од образованието, од локалната самоуправа, од царината, од полицијата. Како најкорумпирани граѓаните ги оценуваат носителите на највисоките функции во државата - министрите и пратениците. Сепак, како најнадлежна да преземе мерки за спречување на состојбите со корупцијата граѓаните ја сметаат Владата, додека само мал дел од нив сметаат дека во тоа може да помогне и невладиниот сектор, односно самите граѓани. Ваквите ставови на граѓаните се точни, затоа што носителите на власта се тие кои траба да придонесат за владеење на правото, меѓутоа, во услови кога лошото раководење, непотизмот, конизмот, поткупот, па дури и повисоките облици на корупција станаа секојдневие, молкот од страна на граѓаните им оди во прилог на оние на кои ваквата состојба им годи.

Охрабрувачко во целата оваа состојба е фактот што во последните неколку месеци од минатата и почетокот на оваа година стана очигледно дека прагот на толеранција на меѓународната и на домашната јавност кон корупцијата, како ендемска појава за Република Македонија, е надминат. Притисоците однадвор за создавање квалитетна законска и институционална рамка за борба против корупцијата се засилуваат, а паралелно со нив се засилува и организирањето на невладиниот сектор. Кај граѓаните и кај сите други чинители на цивилниот сектор се подигна свеста за потребата од преземање конкретни активности кои ќе ја натераат Владата и другите носители на власта да подзапре и да почне да се грижи и за потребата на граѓаните за подобар живот во домаќинска, демократска држава во која владее правото.

Од октомври 2001 година на подрачјето на државата делува националниот огранок на Transparency International – Транспарентност Македонија. Иако кратко, постоењето на ТИ Македонија веќе предизвика засилување на свеста кај граѓаните на земјаа за високиот степен на корупција. Исто така, полека но сигурно се засили и сфаќањето дека граѓаните се тие кои можат со организирано и постојано делување на сите нивоа да ги натераат носителите на власта да се однесуваат транспарентно и одговорно во извршувањето на своите функции и да ги преземат сите неопходни чекори кон воспоставување контролни и регулаторни механизми за корупцијата. Како резултат на ова на 22 април годинава е формирана и Коалицијата „Македонија без корупција”, во која членуваат поголем број невладини организации. Според Повелбата и Акцискиот план усвоени на основачкото собрание Коалицијата треба да прерасне во граѓанско антикорупциско движење, кое, имајќи ја предвид комплексноста на овој феномен, ќе делува на сите четири полиња: легислативата, „law enforcement”, јавното мислење и јавното делување. Ваквата практика не е нова. Искуствата на државите кои презеле сериозни мерки за намалување на степенот на корупцијата говорат дека е неопходно едновремено делување од страна на сите четири фактори: политиката, државата, граѓаните и медиумите. Клучната улога сепак ја имаат граѓаните кои траба да ги поттикнат, но и да ги прифатат, да ги имплементираат и да ги мониторираат севкупните активности на овој план. За тоа не се потребни комплицирани рецепти и препораки. Најчесто наједноставниот начин на изразување и делување може да постигне многу повеќе отколку каква било комплицирана програма. Да започнеме сите од средување на својот двор - средината во која живееме и работиме, па нека биде тоа и невладиниот сектор.

 

©MCMS - designed by KOMA