|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ТЕМПЛУМ
Културен идентитет - разлика во себеИздавачката куќа Темплум ја издаде книгата "Културен идентитет - разлика во себе", во која се претставени текстови на деветмина автори од Балканот. Тие се обидуваат, секој на свој начин, да одговорат на повеќе прашања, како на пример: Во каков однос стојат културниот и националниот идентитет? Дали културниот идентитет со себе повлекува и културни права? Дали идентитетот е фиксирана или менлива категорија? Дали Југоисточна Европа е постоечки или конструиран регион?
|  |
ПЛАНЕТУМ
Манастир Св. ИлијаЕколошкото друштво Пленатум од Струмица го издаде лифлетот за манастирот Свети Илија, во кој накусо го претставува овој дел од културното богатство во струмичкиот регион. Лифлетот содржи и мапа на околината на Струмица, како и пораки за заштита на околината. |  |
МИЛИЕУКОНТАКТ ООСТ-ЕУРОПА
"Холандските еколошки НВО одат на суд"...Холандската организација Милеуконтакт Оост-Еуропа, во рамките на кампањата за имплементација на Архуската конвенција во Република Македонија ја издаде книгата "Холанските еколошки организации одат на суд - Пример за централно и источно-европските НВО-и" |  |
НОВ ЖИВОТ
Серија публикации за рак на дојкатаЗдружението за борба против малигни заболувања "Нов Живот" од Штип издаде серија брошури чија цел е вклучување на поединецот, семејството и околината да се изборат со ракот на дојката. Серијата опфаќа брошури наменети на децата "Што се случува со мојата мајка?", на семејствата "Што се случува со жената што ја сакаме?", на двојките "Што се случува со жената што ја љубам?", на самата заболена жена "Што се случува со мене?" и општо-едукативна брошура под наслов "Разбирање на третманот на рак на дојка". |  |
ОПШТИНА ЧАИР
Весник на општинатаОпштина Чаир го издава весникот "Чаир", чија цел е граѓаните да ги информира за актуелните настани во општината. Весникот излегува еднаш месечно (секој прв понеделник во месецот) и е бесплатен.
|  |
|
|
|
|