|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
КОМАЈА
Љубовно-еротска терапијаЗдружението "Комаја" ја издаде брошурата под наслов "Љубовно-еротска терапија", во која ги опишува техниките насочени кон интегрален развој на човечката личност, преку подобрување на љубовно-еротскиот живот. |  |
МУЛТУКУЛТУРА – Тетово
МултидеаЗдружението „Мултикултура” од Тетово почна да го издава списанието „Мултидеа”, наменето за младите. |  |
ЕД „ПЛАНЕТУМ” - СТРУМИЦА
Еко-плусЕколошкото друштво „Планетум” од Струмица го издава билтенот Еко-плус, со поднаслов „Прво независно еколошко гласило во Струмица”. Целта на овој билтен, кој излегува со финансиска поддршка на МЦМС, е да ги запознае граѓаните со проблемите поврзани со животната средина во градот и со работата на еколошкото друштво „Планетум”. |  |
РЕЦ
Брошури за Архуската конвенцијаМакедонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа од Унгарија, издаде три брошури чија цел е приближување на трите основни делови на Архуската конвенција до пошироката јавност. |  |
ЕД. ВИНОЖИТО - ШТИП
Еколошки информаторМЦМС финансиски поддржа излегување на уште еден билтен: Еколошки информатор на еколошкото друштво „Виножито” од Штип. |  |
АРКА - КУМАНОВО
Веб-страница за активностите на здружениетоЗдружението АРКА - Форум за правата на Ромите од Куманово, подготвува веб-страница на која ги претставува своите тековни и завршени проекти, поврзани со правата на Ромите. Страницата, чија адреса е www.arka.org.mk , е во подготовка, а моментно функционираат линковите за активностите и персоналот на здружението. Во подготовка се линковите за настани, фотографии, контакти и други информации. |  |
СРНА - СКОПЈЕ
Прекрасниот свет на кучињатаДруштвото за заштина на животните „Срна” од Скопје ја издаде брошурата под наслов „Прекрасниот свет на животните”, со финансиска поддршка од Институтот за трајни заедници од Вермонт, САД. |  |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И МИЛИЕУКОНТАКТ ООСТ-ЕУРОПА
Прирачник за Архуската конвенцијаМинистерството за животна средина и просторно планирање и холандската организација Милиеуконтакт Оост-Еуропа го издададоа преводот на македонски јазик на Прирачникот за имплементација на Архуската конвенција (конвенција за пристап до информациите, учество на јавноста и пристап до правдата од областа на животната средина). |  |
|
|
|
|