|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кирил Фидански
Посета на храмот “Пресвето срце Исусово” на Католичката црква во Скопје и храмот “Св. Пантелејмон” во Велес Група од 50 члена на 15 декември го започнаа патувањето во кое ги посетија двата верски објекти: храмот на Католичката црква посветен на Христовата љубов кон светот и храмот на Македонската православна црква посветен на свети Пантелејмон-исцелител во Велес.
Групата беше составена од студенти од Православниот богословски факултет во Скопје, заедно со деканот проф. д-р Ратомир Грозданоски, дел од професорите, персоналот и другите вработени во истиот (триесет и три на број), осум учесници од Евангелско-методистичката црква во Македонија, заедно со пастирот г. Михаил Цеков и девет учесници од Католичката црква.
Собрани од сите краишта на нашата родна и библиска Македонија, не гледајќи се во разликите, но крепки во љубовта, патувањето го започнавме со посетата на храмот на Католичката црква во Скопје. Таму н$ пречека монсињорот Антун Церимотиќ, кој откако ни посака срдечно добре дојде, даде кратка историја за изградбата на овој катедрален храм. Од него научивме дека во прво време овој храм се наоѓал надвор од градот, но подоцна е префрлен на булеварот “Маршал Тито”. Истиот е дизајниран од Славко Ѓуриќ и Благоја Мицевски, а има форма на впишан крст. Освен тоа што храмот поседува исклучителна убавина, тој е и многу практичен, а негова најголема гордост е Мајка Тереза која истиот го посетувала и во него добила инспирација за мисионерството. Во храмот веќе можеше да се почувствува божиќната атмосфера. Беше украсен со божиќни украси, насреде со висока елка и многу украси околу неа, што го симболизира присуството на Самиот Господ Исус Христос и подароците со кои бил даруван тој од Мудреците кога се родил, а во левиот ќош на црквата беше претставена пештерата во која се родил Господ Исус Христос, во неа Тој, мало бебе, до Него Мајката Божја и Јосиф, а околу Мудреците и пастирите кои први му се поклониле на родениот Богочовек. Реалистичен приказ на божиќната вистина, која веднаш овозможува со мислите да се префрлиме во времето пред две илјади и осум години, кога и се случило тоа на земјата. Сето тоа толку н$ разнежни, што не одолеавме, а да не направиме по неколку фотографии за да го зачуваме овој момент...
Нашето патување го продолживме кон храмот „Св. Пантелејмон-исцелител” во Велес. Изникнат во ХИХ век, во тешкото турско владеење, кога Велес броел само околу единаесет илјади жители, овој храм претставува скапоцен бисер и белег за својот народ. За градителите, со сигурност се знае дека тоа е тајфата на Андреја Дамјанов, а иконографството и фрескосликарството во поголем дел му припаѓаат на Ѓорѓи Зографски со неговата тајфа. Целиот храм е направен од дрво, со цел да се заштити од земјотреси, а надворешноста е покриена со малтер. Истиот е во форма на базилика која во горниот дел се дели на две крила со два посебни олтари, едниот посветен на света Мина, а другиот на свети великомаченик Димитриј Солунски-мироточивиј. И, чинам, колку и човек да се обидува да ја опише оваа исклучителна убавина, би останал нем во своите зборови. Гледајќи ја неговата совршеност, сите ние во себе воскликнувавме со зборовите од псалмопевецот: „Колку Си голем Господи; ниту еден збор не е доволен да ја опише Твојата убавина”.
Покрај тоа што храмот восхитува со неговите живописни фрескописи, не може, а да не се спомене неговата висока акустичност. Таа се должи на тоа што во секој од столбовите е вградено по едно грне. За да го доживееме тоа, ние, студентите од Богословскиот факултет, заедно со деканот, професорот по црковно пеење и свештениците кои служат во храмот, го испеавме тропарот на свети Пантелејмон. Така, посетителите од Католичката и од Евангелско-методистичката црква не се запознаа само со градбата на храмот, туку слушнаа и изведба на една православна духовна песна, која поради акустиката на храмот, се разлеваше како нежен цветен мирис, нежно галејќи ги нашите срца. Како круна на оваа посета, за да биде доживувањето уште понезаборавно, беше и тоа што домаќините ни приредија и ручек во парохиските простории, на кој бевме почестени со присуството на високопреосвештениот епископ на повардарската епархија, г. Агатангел, кој срдечно н$ поздрави и даде кратко поучно слово. Неговото широкоградо гостопримство го почувствувавме сите. Тој остана со нас и на ручекот, одговараше на поставените прашања од заинтересираните учесници, се интересираше за тоа како сите придонесуваме за унапредување на меѓуверската соработка во Македонија, а ни го раскажа и своето лично искуство на ова поле, кое може на сите да ни послужи како добар пример. За крај, н$ благослови и на сите ни подари по еден примерок од месечното списание на Повардарската епархија.
Веќе спријателени и со исполнети срца, на крајот сите заедно запеавме, прво по една духовна песна: православна, католичка, евангелско-методистичка, а потоа и по некоја изворна, македонска, каква што секој Македонец успева да го развесели.
Ние, луѓето, сме созданени од Бога и единствено во Него го наоѓаме врховното блаженство, по кое копнее нашето срце. Ништо друго надвор од Бога не може да ја усреќи нашата душа! И меѓу најгласните задоволства на животот и меѓу најголемите постигнувања на светот, некаков неискоренлив внатрешне глад за правда, мир и радост во Светиот Дух (Рим.14,17) ја мачи нашата душа и не дава мир!
Тој благословен глад е глад за Бога. Но, човекот никогаш не би се наситил од божјата трпеза ако во целост не ги исполнува божјите заповеди, а токму преку тајната на Света Троица, христијанството го поучи човечкиот род, не само смирено да го почитува Бога, туку и да Го љуби. Преку неа се откри една нова идеја; дека Бог е љубов - највозвишената, совршена Љубов и непресушен Извор на љубовта. Возвишениот пример на жртвена љубов - благоволението на Бог Отец да го жртвува Својот Единороден Син за спасението на човечкиот род, доброволното страдање на Синот Божји заради нашето откупување и слегувањето на Светиот Дух заради нашето осветување, ја восхитуваат човечката душа, раѓајќи благодарна, крстоносна љубов кон Бога, Кого што христијаните почнуваат да го спознаваат како возљубен Отец на целиот човечки род.
Улогата на рабинот во јудаизмот
Православниот богословски факултет, како активно вклучен во Меѓурилигиската програма, која се спроведува во Македонија, негува добра соработка со другите цркви и верски заедници. За таа цел се одржуваат најразлични посети и предавања од другите верски институции гостувајќи, но и гостопримливо примајќи ги гостите. Една од тие соработки беше и предавањето на нашиот Православен богословски факултет од страна на рабинот Ави Козма од Еврејската заедница во Македонија. Од ова предавање студентите (пред кои и беше одржано истото) се запознаа како е исполнет денот и кои се обврските на рабинот во еврејската заедница.
На почетокот од предавањето, рабинот Ави Козма спомна дека во еврејската заедница не се разликуваат обврските меку властите и слугите. Така, на пример, еден Јудеец ги има истите обврки како и еден банкарски службеник. Но, да видиме како изгледа тоа! Јудеецот секој ден го почнува со утринската молитва, но пред тоа, тој мора да си ги измие своите раце. Откако ќе го направи тоа, се облекува во цицит. За оваа работа Евреите се повикуваат на зборовите, кои што ги запишал Мојсеј во неговиот закон (4. Мојс. 15,37-41). Цицит е облека во вид на маичка којашто на долниот крај има ресички од сина преѓа. Него мора да го носи секој рабин преку целиот ден, а истиот му служи за да го потсетува на божјите заповеди кога ќе наиде на искушение. Потоа се обгрнува со молитвениот шал и го кажува благословот, односно молитвата, којашто е предвидена за почетокот на молитвата. Шалот се употребува за да послужи како знак дека е време за молитва и тој се употребува секогаш, освен за време на празници. Кога сме веќе кај молитвата, треба да се спомене дека во еврејската заедница се разликуваат три различни дневни молитви, и тоа: утринска, попладневна и вечерна. Бидејќи денот се смета дека трае дванаесет часа, периодите за секоја молитва одделно траат по три часа. Така, значи, првиот период започнува од седум часот наутро и трае некаде до десет или единаесет часот претпладне; вториот започнува од дванаесет часот напладне, до појавувањето на попладневната ѕвезда; и, третиот период започнува од појавувањето на попладневната ѕвезда, до полноќ.
Повикувајќи се на зборовите од 5. Мојс. 6,4-9, Евреите врзуваат двапати завет со Бога: едниот навечер кога се легнува на спиење, а другиот наутро кога се станува од спиење. Исто така, повикувајќи се на овие зборови, секој Евреин кој е над тринаесет години е обврзан да носи тифилин коешто всушност претставува молитвено ремење, а се врзува на раката и главата. Тифилинот е кутија направена од кожа на животно кое прежива и има разделено копито. Во кутиичката се напишани основните четири заповеди коишто Бог му ги дал на еврејскиот народ.
Кога Евреинот ќе заврши со молитвата, го соблекува тифилинот, цицитот и молитвениот шал, но по обратен редослед. Освен оваа, друга обврска на секој Евреин е на секоја врата од домот да има медуза (знак којшто Бог им заповеда да го стават над надвратникот на нивните куќи).
По изложувањето на предавањето се поставуваа прашања од страна на слушателите, а исто така, со цел да се продолжи оваа соработка, се договори и ново предавање на кое домаќин ќе биде Еврејската заедница во Скопје.
Еврејската заедница во Македонија брои некаде околу триста верници, а еврејската земја е земја којашто за време на Втората светска војна изгубила најголем дел од верниците. Таа бројка достигнува дури до деведесет и осум проценти.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|