Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 29 Јули-Август2003  Погледи

Зоран Јачев

 
Надежта умира последна, корупцијата ќе мора пред неа

 
Годинава сме сведоци на интензивни антикорупциски активности, како и на различните, понекогаш и дијаметрално спротивставени коментари кои ги следат. Зависно од политичката припадност или симпатизерство, ставовите се движат од потполно одобрување до крајно несо­гласување, но едно е сигурно - ретко кој останува рамнодушен на она што се случува во земјата. Копјата веќе подолго време се кршат околу тоа - дали сето тоа е оправдано, дали е политичка пресметка и маркетинг, дали ќе трае доволно долго, дали постои концепција за тоа што се прави, дали ....

Сите такви прашања и дилеми се легитимни, но воопшто не ја намалуваат насушната потреба за борба против корупцијата во оваа земја за да може таа да биде почи­тувана од сопствените граѓани и прифатена како сериозен меѓународен субјект. Една од најзначајните претпоставки за тоа е конечно и еднаш засекогаш да воспо­ставиме владеење на правото, за што е неопходно неселективно и непристрасно применување на законските прописи врз секој кој ги прекршил.

Заради тоа од суштинско значење се две работи - прво, дали постапките за коруп­тивните кривични дела се водат согласно законските прописи и второ, дали тие се применуваат еднакво врз сите граѓани за кои се располага со информации дека го прекршиле законот.  Тоа едноставно мора да се почитува за да може земјава да се спротивстави на вртлогот на корупцијата кој веќе една деценија вртоглаво ја влече кон дното на листата за приклучување кон поуспешните од нас.

Борбата против корупцијата нема шанса за успех ако не е заснована на хармонизиран систем од добро осмислени мерки кои мораат да бидат упорно,  безмилосно и професионално спроведувани. Системот за превенција и репресија на корупцијата мора да обезбеди ускладување на сложени односи помеѓу законските и подзаконските акти, активностите на државни органи, обвинителството и судовите. Законите ќе мораат да бидат квалитетни, современи, применливи и ускладени со меѓународната регулатива од областа на антикорупцијата. Државните органи, обвинителството и судовите ќе мораат да бидат про­фе­сио­нални, независни, стручни и заштитени од влијание на политичките партии. Само таков систем ќе може самостојно и несе­лективно да се активира секогаш кога ќе постојат сознанија за коруптивно одне­сување и квалитетно да ги процесуира постапките. Злобниците ќе речат дека многу е полесно да се предлага и коментира, но дека е многу тешко тоа да се спроведе во дело, и ќе бидат во право.

Но, две нешта се сигурни - колку порано започнеме со тој процес, толку побрзо и ќе го завршиме и дека ако тоа не се направи, земјава никогаш нема да се ослободи од корупцијата. Заради тоа, потребна ни е добро осмислена, квалитетна и применлива антикорупциска стратегија, која ќе ги предвиди и усклади мерките потребни за создавање таков систем. Стратегијата ќе мора да биде поддржана од програма за нејзино спроведување, во која треба да се содржат конкретни рокови за спро­ве­дување, носители на обврските и ресурси потребни за тоа.

Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со домашни и странски стручни лица, изготви квалитетна, добро осмислена и применлива анти­корупциска стратегија. Со тоа е напра­вен голем исчекор напред - конечно постои јасна рецептура за создавање систем којшто во иднина ќе може ефикасно да ја сузбива корупцијата. На потег е политичкиот фактор, кој треба добро да ја проучи стратегијата и без оглед дали моментно се наоѓа во позиција или опозиција, да се заложи за безрезервно спроведување на се’ што може да ја спречи корупцијата. Ако не се создаде  политичка волја за спро­ведување на стратегијата, ќе ја пропуштиме најповолната прилика да и’ застанеме на патот на корупцијата и ќе ни се повторуваат истите приказни од последнава деценија.  

Прво, секогаш ќе се реагира постфестум - кога веќе е направена штетата, односно ќе бидеме принудени да лечиме, а не да спречиме. Второ, секогаш ќе зависиме од волјата на политичките партии (или, поточно, на нивните лидери) за рас­чистување со корупцијата, која, да не се залажуваме, не мора да биде вечна. Трето, борбата со корупцијата ќе има услови за селективност и амплитуди во нејзинот квалитет и интензитет.

Во такви услови, корупциските махери набрзо ќе се прилагодат на условите и ќе применуваат партизанска тактика - ќе се притајат додека трае офанзивата, ќе чекаат таа да помине, а потоа се’ ќе почне одново. Најлошата последица од сето тоа е сосема сигурното губење на моментно се’ уште широко присутната и тешко создадена надеж кај  граѓаните - дека во земјава конечно ќе завладее правото. Ако е точно дека надежта умира последна, за доброто на сите нас, ќе мораме на оној свет прет­ходно да ја испратиме  корупцијата.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA