Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Донатори

   

USAID - ПРОГРАМА SEED

Развој на демократијата, општеството и мирот

Агенцијата за меѓународен развој на САД - USAID, одобри буџет за спроведување на програмата за помош во Македонија за поддршка на развојот на демократијата, општеството и мировниот процес, во висина од 66,5 милиони американски долари. Оваа програма, наречена SEED (Поддршка на Источно-Европските демократии), минатата година во Македонија донесе 38,4 милиони долари. За оваа фискална година, буџетот е повисок - 49,5 милиони долари плус додатни 17 милиони, обезбедени од други извори, надвор од буџетот на програмата SEED.

Програмата на USAID во Македонија има четири главни цели: Развој на напредниот приватен сектор; Промоција на демократијата и доброто владеење; Поддршка на транзицијата во здраво општество; Поддршка на мировниот процес. Со оваа програма, ќе биде поддржан и Југо-Источниот Европски Универзитет и работата на Канцеларијата за иницијативи на транзицијата.
Поддршката за развој на напредниот приватен сектор треба да привлече директни странски инвестиции, да го помогне развивањето на микро-фирмите, да ја подобри нивната компетитивност и да го промовира маркетингот во агро-секторот. Поддршката на развојот на демократијата и доброто владеење треба да го зајакне учеството на јавноста во политичкиот процес, преку Парламентот и политичките партии, развојот на невладините организации, самопомошта на заедниците, децентрализацијата и реформата на локалната самоуправа, подобрување на легислативата, судската администрација и други области.

Што се однесува до поддршката на транзицијата на општеството, додадена е една нова цел: управување со конфликтите. Покрај тоа, тука спаѓа и вработувањето, подобрувањето на компетитивноста на македонската работна сила и подобрување на условите на работа. Мировниот процес, пак, ќе биде поддржан со специјалните иницијативи за високото образование и помошта за новиот попис.

Југо-Источно Европскиот Универзитет добива помош од 17 милиони долари, со што САД се придружуваат на финансискиот пакет од Европската Унија, Холандија и Сорос. Канцеларијата за иницијативи за транзицијата спроведува програма за намалување на конфликтите преку зголемување на формалните и неформалните контакти во рамките на заедницата. Иницијативата за изградба на довербата (ЦБИ) што се спроведува преку оваа Канцеларија, во период од 12 месеци ќе обезбеди 250 грантови за невладини организации за проекти кои го поддржуваат мултиетничкиот процес на донесување одлуки, медиумските активности, подобрување на владеењето на локално ниво и други. Оваа Канцеларија соработува во Меѓународната организација за миграции, која има свои канцеларии во Скопје, Битола, Тетово, Кочани и Кичево.

М.Иванова

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 13 Февруари 2002
Број 13 Фебруари 2002
Вовед
Календар
Публикации
Тема
Интервју
Погледи
Настани
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA