7-8 април Политичко јакнење на жените
Сојузот на организациите на жените на Македонија во Скопје ќе одржи семинар за едукација за политичко јакнење на жените, со што се затвора циклусот на едукација на едукаторки од оваа област, во рамките на подготовките за парламентарните избори. На семинарот ќе учествуваат жени од здруженија на граѓани и политички партии, а обуката ќе ја одржат две едукаторки од Норвешка.
|