Македонско еколошко друштво
Конгрес на еколозите со меѓународно учество
Македонското еколошко друштво, од 25 до 29 октомври годинава во Охрид го организира Вториот конгрес на еколозите на македонија, со меѓународно учество. Конгресот го отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, г. Љубомир Јанев.
На конгресот учествуваа повеќе научници и експерти од областа на еколошките науки од нашата држава, како и гости од Србија и Црна Гора, од Бугарија, од Мароко, од Турција, од САД и од други држави. Беа изложени научни и стручни трудови и се дискутираше на неколку теми, како: Терестрични еко-системи; Агроекологија; Акватични еко-системи; Еколошка едукација; Биодиверзитет; и, Заштита и мониторинг на животната средина.
Во рамките на конгресот, беше одржано и годишното собрание на Македонското еколошко друштво, кое е здружение на професионални лица кои работат во областа на екологијата и заштитата на животната средина.
М.И.
|