Претставување: ПЕВ - ПРОЕКТ ЗА ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА
Надминување конфликти, градење траен мир
ПЕВ - Проектот за заедничка визија, како филијала на ВСП Интернационал (Њар-торн Социетиес Пројецт – ЊСП Интернатионал), во Македонија ги спроведува своите активности од март минатата година. Асоцијацијата го искористи овој период за спроведување на првата фаза од истражувањата во Македонија преку реализација на следниве активности: теренско истражување во 15 региони во Република Македонија; истражување на македонската политичка реалност преку средби со политичките партии; истражување на меѓународната политичка реалност на Македонија преку странските фактори присутни во земјата. Овие истражувања резултираа со фокусирање на пет сектори кои ќе бидат приоритетни во понатамошната работа на ПЕВ и во креирањето на идните проекти. Тие приоритети се: политички односи, економски и социјални односи, човекови права, меѓуетнички односи и интеркултурни релации, регионална и меѓународна соработка и родови односи. Оваа организација е основана по препорака на Обединетите нации и постои од 1996 година. Седиштето на асоцијацијата се наоѓа во Женева, Швајцарија. Тимот во Македонија, кој го предводи проф. д-р Ферид Мухиќ, го сочинуваат дванаесетина млади луѓе. ПЕВ Македонија, тргнувајќи од генералните приоритети на ВСП Интернационал, кој работи во партнерство со Обединетите нации, но и во соработка со локалните партнери и претставниците на етничките групи во земјите каде што е присутен, работи во насока на надминување конфликтите и градење траен мир. Таа им помага на општествата разурнати од конфликти да изградат траен мир, а тоа го прави преку консултации, истражување и анализа со сите сектори на општеството и со меѓународните агенции за помош. ПЕВ Македонија тргнува од мотото дека одржлив мир може да се постигне само ако е поддржан од сите страни вклучени во конфликтот, заснован на разбирање, доверба и заедничка визија за иднината, а не преку употреба на сила. Тоа го постигнува преку моделот на партиципативно учество со цел да им се даде можност на сите засегнати учесници во процесот да ги идентификуваат заедничките предизвици и да постигнат заеднички решенија. ПЕВ Македонија работи и со меѓународната заедница. Финансиски е поддржана од повеќе западноевропски земји (Данска, Финска, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија), од Канада, од САД, од Јапонија, а преку партнерството со Обединетите нации соработува со неколку програми - УНДПА (Унитед Натионс Департмент фор Политицал Аффаирс УНДПА), УНОЦХА (Унитед Натионс Оффице фор тхе Цоординатион оф Хуманитариан Аффаирс УНОЦХА), УНДП (Унитед Натионс Девелопмент Программе УНДП) и УНИЦЕФ (Унитед Натионс Цхилдрен’с Фунд УНИЦЕФ).
Д. Медароски
|