|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ИНИЦИЈАТИВА НА НЕКОЛКУ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ
Секој си има книга домаВеб-страницата www.kniga.com.mk, под мотото „Секој си има книга дома“, е убав (и прв) обид за популаризација, промоција и подобар пристап до информациите за книгата и издавачката активност во Македонија по електронски пат.
|  |
ЕВРОБАЛКАН
Мултукултурализмот како теорија, политика и практикаИнститутот ЕВРОБАЛКАН ја издаде книгата “Мултикултурализмот како теорија, политика и практика” од авторот д-р Петар Атанасов, со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија. |  |
Мултимедијален портал за НВО во ЈИ Европа“One world” (www.oneworld.net) го лансира новиот мултимедијален портал за НВО и медиумите од регионот на Југоисточна Европа (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Хрватска и Албанија): www.oneworld.net/cee. Порталот нуди информации за невладиниот сектор во овие држави, на нивните локални јазици, кои ги обезбедуваат локалните НВО и радиостаници. Порталот претставува и форум кој нуди можности за вмрежување и соработка на НВО. |  |
ИНТЕРНЕТ ФОРУМ
Помирување за иднинатаwww.reconcilingforthefuture.org претставува интернет-форум на истоимената, долгорочна иницијатива на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа, во рамките на Пактот за стабилност, чија цел е зајакнување на демократијата во Западен Балкан (државите на поранешна Југославија, без Словенија, плус Албанија). На овој форум можете да се регистрирате со сопствена лозинка и да учествувате во дискусиите, виртуелно да ги следите работилниците организирани од оваа иницијатива, интересните написи, како и електронскиот неделен весник. |  |
МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ
Права на студентитеМладинскиот образовен форум - МОФ, во рамките на својот проект „Образование за демократско општество“, ја издаде брошурата „Права на студентите“. Во брошурата се прикажани правата од областа на образованието, гарантирани со Уставот на Република Македонија, условите гарантирани од новиот Закон за високо образование, Правилникот за студирање донесен врз основа на овој Закон, како и можностите да се студира преку новиот систем предвиден со Законот - Кредит трансфер систем (КТС).
|  |
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЗАНАЕТЧИИТЕ НА СКОПЈЕ
ЗанаетчијаЗдружението на занаетчиите на град Скопје го издава својот весник „Занаетчија“, во кој информира за активностите на Здружението и за проблемите со кои се сретнуваат „еснафџиите“, како: новите законски рамки од интерес на оваа група, за новоформираниот Информатички центар во Здружението, проблемот на дивото работење и тргување, за неодамна одржаниот Саем на занаетчии во Кобленц, Германија, на кој учествуваа и занаетчии од Македонија и друго. |  |
НИК ЛИСТ
Стара чаршијаНИК „Лист“ издаде книга под наслов „Стара чаршија“, како дел од материјалите подготвени за неодамна одржаната работилница за ревитализација на скопската чаршија. Во книгата, покрај останатото, се претставени нормативните аспекти за заштита на чаршијата, резултати од анкетата на занаетчиите кои таботат таму и друго.
|  |
ЕДНА ЛИЧНА ИНИЦИЈАТИВА
Прирачник за болнитеПрирачникот за болните, „Болка во крстот“, на д-р Ериета Николиќ Димитрова го претставуваме, бидејќи претставува еден од мошне ретките примери на лична иницијатива на професионалните лица да дадат свој конретен придонес, наменет за граѓаните, уште повеќе кога тоа е создадено со речиси исклучиво сопствени средства и вон професионалните обврски.
|  |
|
|
|
|