Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Избор

   

Избор

 ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ПРАВАТА И МОЖНОСТИТЕ НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Конкретни активности за рамноправен третман

Во рамките на проектот, Републичкиот центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА, на 26 јуни 2002 година, во Скопје одржа Конференција за унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество. Учесниците на Конференцијата ја усвоија следнава ДЕКЛАРАЦИЈА: 
1. Во законските и подзаконските акти, со кои се обезбедуваат правата на лицата со интелектуална попреченост, се употребуваат различни термини, како: лица со психички пречки во развојот; ментално ретардирани лица; ментално хендикепирани лица и слични термини.
Заради употреба на идентичен термин кој се употребува на европско и на меѓународно ниво, потребна е промена на термините кои се застапени во регулативата и праксата во Р. Македонија. Наместо досегашните термини, да се употребува терминот интелектуална попреченост, кој е усвоен во 2000 година на Генералното собрание на Интернационалната инклузија во Корк, Ирска;  
2. Започнување активна кампања за подигање на јавната свест кај институциите на државно и на локално ниво за прифаќање на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како рамноправни членови во граѓанското општество. Достоинството на лицата со интелектуална попреченост мора да биде во фокусот на оваа кампања.  Владата на Р. Македонија да изготви акциска програма којашто перманентно ќе овозможува информирање на граѓаните за проблемите и потребите на лицата со интелектуална попреченост. Прифаќањето на човекот како вредност, без етикетирање, е основен фактор за подигнување на јавната свест. Треба да се овозможи целосно учество на лицата со интелектуална попреченост на еднакво ниво со другите граѓани на Република Македонија;
3. Зголемување и развивање на поддршката за лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. Владата на Република Македонија треба да обезбеди социјална сигурност на лицата со интелектуална попреченост, преку остварување на правата од социјална заштита и обезбедување услови за користење на постојана парична помош (Закон за социјална заштита чл. 21) на лицата со умерени, тешки и длабоки попречености кои се прогласени за деловно неспособни. Ова право треба да се остварува по основ на попреченост, при што не треба да се земаат предвид приходите и социо-економскиот статус на семејството. Надоместокот за скратено работно време, обезбеден преку Законот за социјална заштита (чл. 33), да биде достапен и за родителот којшто не може да заснова работен однос поради грижата за своето дете со интелектуална попреченост. Надоместокот за скратено работно време да изнесува 50% од просечниот личен доход. Треба да се обезбеди посебен детски додаток и за децата со умерена интелектуална попреченост кои се вклучени во образовниот систем;
4. Обезбедување услови за намалување на капацитетот и постепено затворање на постоечките институции преку креирање алтернативни сервисни служби во местото на живеење. Системот за социјално осигурување мора да ја поддржува интеграцијата на лицата со попреченост. Од голема важност е создавањето мрежа од дневни центри каде лицата со интелектуална попреченост ќе се стекнат со одредени вештини за самостојно живеење. Истовремено треба да се работи и на подобрување на нехуманите и деградирачки услови во институциите и мора да се прифатат програми со јасни развојни цели. За да биде овој процес одржлив, од основна важност е да се обезбеди  партнерство со невладните организации, склучувајќи договори за материјално покривање на програмите кои се спроведуваат во алтернативните сервисни служби. Организациите на лицата со интелектуална попреченост и родителите треба да имаат значајна улога во мониторингот и контролата на овој транзициски процес;
5. Владата на Република Македонија треба да обезбедува образование за сите лица со интелектуална попреченост. Образованието на децата и возрасните со интелектуална попреченост е основа за нивна успешна интеграција во сите области на животот. Правната регулатива  мора да биде надополнета со соодветни ресурси и позитивни ставови во обезбедувањето регуларни и дополнителни образовни програми, вклучувајќи ги лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост и за оние кои се сместени во институции. Владата и локалните власти мораат тесно да соработуваат со невладините организации за да дојде до неопходната квалитетна промена;
6. Правото на избор за вработување мора подеднакво да биде поддржувано од државата, со обврска за обезбедување механизам за следење на односот на работодавачот кон вработените лица со интелектуална попреченост;
7. Подобрување на системот за здравствена и медицинска заштита и негово прилагодување за задоволување на здравствените и рехабилитациските потреби на лицата со интелектуална попреченост. Државата треба да обезбеди бесплатна здравствена заштита (прегледи, третмани и лекови) за сите лица со интелектуална попреченост. Треба да се воспостави републички регистар за следење на децата родени со ризик фактор и развивање на мрежата на развојни центри како важен предуслов за рано откривање, дијагностика и ран третман на децата родени со ризик фактор. Матичниот лекар, по потреба, да препорачува придружник при хоспитализација во болнички услови, без ограничување на возраста, со цел да се оствари потребната здравствена заштита;
8. Во пописните листи за попис на населението да се додаде графа за попишување член на семејство со интелектуална попреченост, заради воспоставување точна евиденција и статистички податоци во Република Македонија.
Владата на Република Македонија да обезбеди неминовно координирање и кореспноденција на правната регулатива од сите области за да се овозможи континуитет во остварувањето на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во Република Македонија.

Здружение “Порака”, Скопје
Тел. 296-961
E-mail: poraka@mol.com.mk

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA