Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Репортажа

   

Строгиот природен орнитолоШки резерват Езерани 

На срцето на Паркот Преспа му треба поголемо внимание
 

Катерина Богоева

И оваа пролет, според пишаното правило на природата, содржано во будењето и поздра­вувањето на животот, растенијата и живот­ните безрезервно ја нудат својата енергија и ги повикуваат во своите царства луѓето заедно да уживаат во, по многу нешта, единственото годишно време.

Такво нешто не смее да се пропушти доколку патот ве наведе во близината на Преспанското Езеро, бидејќи повикот на природата во орни­толошкиот резерват Езерани, с$ уште е доволно силен и впечатлив за да ги остави без здив и урбаните луѓе, без разлика од колку динамичен простор за живот доаѓаат и колку се отворени за царството на птиците кое има свои правила, звуци, незаборавен спокој. Пролетта не беше единствениот директен повод за доаѓање во резерватот. Поводот е поставувањето на првата и засега единствена куќичка за набљудување на птиците, како дел од проектот “Инфра­структура на резерватот ’Езерани’ на Пре­спан­ското Езеро” спроведуван од страна на Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија (ДПЗПМ). Во рамките на проектот поддржан од Норвешката амбасада во Македонија е тампониран и главниот пат низ резерватот, изработени се патокази од Битола, Ресен и од околните места и поставени се четири влезни капии и една инфорамативна табла на самиот влез во Инфоцентарот во селото Асамати. Про­летва резерватот доби и бетонски собир­ни цевки за вода, кои што ќе ја пренесуваат истата под патот, со цел да се избегне запоставувањето на самиот главен пристап низ заштитениот  про­­с­тор.

А заштитениот прос­тор  за чијашто ис­клу­чителна вредност  Друштвото за про­учување и заштита на птиците  започна да ја анимира домаш­ната и странска јав­ност уште од 1995 година, се протега на  површина од 2080 хектари и се наоѓа на Рамсарската листа на заштитени подрачја, што говори дека овој простор е еден од исклучитените прос­тори со сочу­вани при­­род­ни вредности во светот. За таков статус се заслужни околу  270 видови птици од којшто број околу 105 отпаѓаат на водните видови. Процентот на птици во резерватот е навистина голем, ако се знае дека во Маке­донија, вкупниот број, според проф д-р Бранко Мицевски претседател на споменатото друштво и професор на Природно-мате­матичкиот факултет во Скопје, се движи меѓу 320 и 330 видови. Од новопоставената куќичка, сега може да се набљудуваат стаништата на птиците, нивниот живот крај и во езерото, летот над езерското синило, без да се наруши природната рамнотежа од страна на добронамерните посетители.

Првите поопширни информации за резер­ватот Езерани може да се добијат во Инфор­мативниот и истражувачки центар во селото Асамати, сместен во дел од селскиот задружен дом. И во неговата адаптација и опрема учествувале странски донатори, а со одреден мал процент досега и ресорното Минис­терство за животна средина и простор­но и планирање. Задружниот дом на користење на Друштвото му го отстапила општината Ресен. Оттаму, низ телескоп може да се набљудува царството на птиците, но и да се разговара и да се добијат потребните информации од двајцата специфични чувари на неоградениот резерват, ангажирани од страна на Друштвото за прочување и заштита на птиците, чија  улога е секојдневно да вршат мониторинг на просторот. Тие ги забелжуваат промените со фондот на птиците, ја следат состојбата со природните живеалишта во резерватот, но и ги евидентираат деструкциите (крадење песок, ловење птици) и информираат за нив. Еден од двајцата “специфични при­јатели” на птиците во Езерани, Никола Тодоровски, потенцира дека присуството на птиците на Преспанското Езеро, од кои еден добар дел се ретки видови, може да при­донесе за потребниот публицитет на прос­торот, за еко-туризам, кој, како што вели “познато е дека и недостасува на Преспа”.

“При секојдневниот мониторинг на птиците ја одредуваме, по можност, нивната бројност, и ги следиме, меѓу другите, белиот пеликан, чапјата, долгата белосива чапја кои доаѓаат во помал број, по пет, шест, до петнаесет птици, ретко над 20. Тие лесно можат да се избројат, додека пак другите, како што се пајките или галебите, се одредуваат како помало или поголемо јато. Набљудувањето бара посебен приод, потребно е да се набљудуваат од далеку, бидејќи се чувстви­телни на човечко присуство. Со поста­вувањето на куќичката тоа е олеснето, бидејќи имаме поголемо видно поле. Во резерватот има голем број птици преселници, дел од нив доаѓаат во зимскиот период за да презимат, а другите напролет, такви се белиот и црниот штрк, ластовицата и др. Големиот број птици овде живеат, се размножуваат, ги прават своите гнезда, се хранат со орга­низами кои се во вода или пак  на самото крајбрежје, на ливадите. За жал, одамна се надвор од функција два рибника во резер­ватот, каде птиците  доаѓаа пред с$ за да се хранат и одмораат. Просторот е поделен на 3 зони со предвидени активности кои таму смеат да се извршуваат. Во првата зона која го опфаќа литоралниот дел од крајбрежјето, забрането е движење на луѓе, ловење риба, сечење трска, црпење песок, но често наидуваме на крадци и ловци, за што  можеме само да информираме, а не и да пишуваме пријави. Водостопанското претпријатие од Ресен сега управува со песочните ресурси и има поставено чуварска служба која може да поднесува пријави за евидентираното бесправно црпење песок”.

Населението од Езерани, Асамати и околните места е информирано за протегањето на резерватот и според Тодоровски, сега за разлика од порано, коректно се однесува кон неговото постоење. Во минатото, жителите често правеле опструкциии плашејќи се дека со резерватот ќе се изгубат имотите, овош­ ните градини, пасиштата , ливадите.

Но она што ја урива првичната слика за резерватот од страната на Асамати е дивата селска депонија, распослана на самиот негов влез, прашање кое чека подобри времиња за решавање, иако селото во кое живее и македонско и албанско население има и стари и млади жители, и одредена земјодел­ска механизација по дворовите со која проблемот лесно би можел да се надмине. Строгиот природен резерват го посетуват недоволен број ученици, ретки туристи, научници, а она што му недостига за да ги анимира заинтересираните и да им го привлече вниманието на не­заинтере­си­раните е и разновидниот печатен материјал, со едукативна и информативна содржина, прилагоден за посетители од најразлична возрасна структура, како и телевизиски и радиоемисии, документарни програми, поголема и видлива поддршка од локалните и државните власти со што би се подигнал дигнитетот на просторот кој самиот го заслужил како единствено Рамсарско место во Македонија. 

Со повлекувањето на водата во Преспанското Езеро е нарушена  морфологијата на плажата, но тоа не им пречи на птиците, напротив, како што велат познавачите, позитивно влијае на ширењето на нивниот животен ареал. Алајдин Мехмеди, вториот “специфичен пријател на птиците” е жител на Асамати, каде е и роден, факт кој му дава можност да споредува како било некогаш, а како е денес. “Имаше повеќе птици, но нивниот број се намали откако се затворија рибниците кај селото, кои им беа големо хранилиште. За разлика од минатото, сега населението поретко бере и трска за исхрана на доби­токот, која се наоѓа во резерватот. И сега  на одредени места може да се сретнат видри, иако во помал број околу Стара Река, а се забележани и волци, кои го напаѓаат доби­токот.

За градоначланикот на Ресен Димко Тосков­ски, Преспанското Езеро, а со самото тоа и резерватот Езерани имаат важна улога во функционирањето на сиот простор. Тој потенцира дека сега водостојот на Прес­панското Езеро е во фаза на ниски води, дека постои потврдено историско флуктуирање на водите на секои 22 до 24 години, но и дека кризниот период според проценките треба да заврши до 2015 година.
“Го помагаме функционирањето на резерватот кој се протега на простор од 10 километри од Сирхан до Асамати, колку што можеме. Но, свеста за животната средина за жал с$ уште не е потребното ниво. Постојат проб­леми со отстранувањето на дивите депонии, а во тек е работата на решавање на проб­лемот со отпадните води од Езерани и Царев Двор, зафат кој треба да биде завршен до крајот на август. Исто така, с$ повеќе се обрнува внимание на нама­лување на употребата на бес­фосфатни детергенти и др. штет­ни материи. Се определивме за алтернативни форми на туризам бидејќи масовниот заврши, а во тој контекст е потребно свртување на вниманието кон заштитата на животната средина. Ние сме  дел од Првиот трансграничен балкански парк ‘Парк Преспа’, а тоа има големо значење за сите три земји”.

Претседателот на Друштвото за проучување и заштита на птиците, Бранко Мицевски, не е задоволен од сегашниот третман на вред­ностите што ги поседува резерватот Езерани. Тој смета дека ниту локалните ниту др­жавните надлежни органи досега не ја покажале потребната заинтересираност за вистински третман на просторот според вредностите што ги поседува.

“Зонирањето на просторот на резерватот, а со тоа и специфичниот третман и заштитата, останаа само на хартија. Населението е запознаено со постоењето на зоните, но нивната заштита не е соодветна, бидејќи зоните и не влегоа во донесениот Закон за прогласување за орнитолошкиот локалитет за строг природен резерват од страна на државата во 1996 година. Прокопан е каналот на Голема Река во резерватот и со тоа  отпадните води на Ресен одат во езерото, а и пречистетлната станица не функционира како што треба. Ние како невладина орга­низација заедно со Републичкиот завод за заштита на природни реткости издеј­ству­вавме пред осум години законска заштита на просторот, но не успеавме да ја научиме државата дека тие закони треба и да се спроведуваат. Ние сме невладина орга­низација и во 1997 со указ на Владата, бевме номинирани за управувачи на прос­торот, но не можеме да спроведуваме никакви ак­тивности, доколку не потпишеме договор со Министерството за животна средина и просторно планирање. Тој досега не е потпишан и, за жал, не ни се дадени никакви обврски ниту финансиски средства за определени ативности за подобро фун­кционирање на резерватот.  Можеме само да вршиме мониторинг, а за тоа добиваме финансиска помош главно од странски извори, преку работа на проекти. Вршиме мониторинг на резерватот од 2000 година, но надлежните  органи не се заинтересирани за нашите извештаи, иако им испраќаме дел од нив за да ги информираме одвреме навреме за состојбата со птичјиот фонд и за нару­шувањата во резерватот, убивањето птици, црпе­њето песок, ловењето риба. Водо­стопанското претпријатие кое сто­панисува со песокот,  треба и да го чува од крадците на песок,  за кои сите знаат дека се присутни. Со езерото, пак, управуваат приватни фирми, како да станува збор за рибник, со што езерото се исклучува од Рамсарската листа. Резерватот Езерани е срцето на Паркот Преспа, благодарение на него Македонија е дел од Рамсарската светска листа, тој е главен адут за проектот Парк Преспа. Во Грција постои гнездилиште за пеликани, а во Албанија нема нешто слично. За жал, за овие 10-15 години с$ што се прави се прави стихијно, министрите од сите влади, во почетокот ги слушаат нашите согледувања, сугестии, но по кратко време кога ќе сфатат дека имаат одврзани раце, настанува хаос. Неопходно е да се направи план за упра­вување со резерватот Езерани од страна на стручни луѓе за да може да се сочуваат неговите вредности”.

  

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA