|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Босна и Херцеговина
Неповолен став кон хомосексуалноста во БИХ
Според резултатите од испитувањето на јавното мислење спроведено во април 2004 година од страна на агенцијата “Присм Ресеарцх”, 82,3% од граѓаните на Босна и Херцеговина имаат генерално негативно мислење за хомосексуалноста, без разлика на полот. Ова е прва анкета за испитување на јавното мислење по прашањето за хомосексуалноста и проституцијата во земјата. Негативниот став на јавноста во БиХ кон хомосексуалноста најдобро се илустрира со фактот дека над 75 проценти од испитаниците веруваат, како што самите велат, дека прифаќањето на хомосексуалците во општеството негативно би се одразило на општата добросостојба во државата. Речиси три четвртини од испитаниците рекле дека би се чувствувале непријатно во друштво на хомосексуалци, а само 8,6% од испитаниците рекле дека тие лично познаваат некого со поинаква сексуална определба. Во врска со легализацијата на проституцијата, еден од пет граѓани (19,4%) би ја поддржал иницијативата за легализација, додека 72,7% се противат на таквата идеја. Г.Ш
Косово
Донаторската конференција за културното наследство на УНЕСКО
Организацијата за наука, образование и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) ќе биде домаќин на донаторската конференција за културното наследство на Косово, каде е потребна итна поправка и реставрација на 75 споменици. Средбата во Париз има за цел да помогне во реставрацијата, заштитата и зачувувањето на многу христијански и муслимански споменици, како и други места од големо историско значење што беа цели во уништувањето на Косово. Според извештаите на УНЕСКО и на Советот на Европа, на списокот се наоѓаат 48 православни споменици, 14 муслимански/турски споменици и 13 примери на народната/локалната архитектура и останати историски локации. Работата на гореспоменатите споменици во почетната фаза ќе чини 40 милиони евра. Предвидено е шефот на привремената административната мисија на Косово (УНМИК), Сорен Јесен-Педерсен, да учествува на конференцијата со која ќе претседава генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Матсура. Г.Ш.
Албанија
Промотивни кампањи на ИОМ против ХИВ/СИДА
Меѓународната организација за миграции, ИОМ, започна промотивна кампања против ХИВ/СИДА во Албанија. Според достапните информации, ИОМ проценува дека болеста прераснала во акутен проблем во албанското општество. Една од главните причини е недостатокот на знаење и ниското ниво на сексуално образование во земјата. Највисок процент на заразени со ХИВ-вирус е забележан кај луѓе кои имигрирале или живееле одреден временски период во странство. Во кампањата за подигање на јавната свест се вклучени истакнати популарни артисти и спортисти. Кампањата е дел од глобалната стратегија за болеста на столетието, финансирана од страна Европскиот совет. Г.Ш.
Србија и Црна Гора
Нов извештај на Амнести интернешнл
Амнести интернешнл го издаде извештајот “Србија и Црна Гора: залудно потрошена година. Постојан неуспех да се исполнат клучните обврски за човековите права дадени пред Советот на Европа”. Во извештајот организацијата ги наведува обврските кои Србија и Црна Гора досега не успеаја да ги имплементираат и дава бројни примери за недостаток на соработка со ИЦТЈ (ИЦТЅ) и судењата во Србија и Црна Гора поврзани со конфликтот во Југославија, нерешените убиства за кои се верува дека биле политички атентати извршени од страна на државни агенти (на пр. Славко Чурувија, Милан Паниќ), дискриминацијата на Ромите, итн. Поради тоа, Амнести интернешнл бара од Србија и Црна Гора сериозно да се зафатат со решавање на злосторствата од минатото, да ги унапредуваат и штитат човековите права и да ги исполнат сите обврски кон Советот на Европа. Повеќе информации, како и целосниот текст на извештајот, се достапни на хттп://амнестѕ-нењс.ц.топица.цом/маадјЛсабфј7АбеЦЉ2фб/ (од веб-страницата на АИ)
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|