НАСТАНИ
ЕДУКАЦИЈА
ЦЕНТАР НА РОМИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
RIPPLE програма за едукација на младите Роми
Центарот на Ромите на град Скопје почна да го реализира проектот RIPPLE - „Влијание на Ромите врз политката и практиката во заедниците во Европа”. Овој проект е координиран од меѓународната невладина организација Minority Rights Group International од Лондон, а се спроведува во неколку држави во Централна и Источна Европа: Романија, Словачка, Македонија, Молдавија, Украина, Албанија и Бугарија. Целта на проектот RIPPLE е развивање и унапредување на знаењата и вештините на младите Роми преку изградба на национални и регионални мрежи и нивно оспособување да влијаат врз јавното мислење, начинот на живеење и праксата. Проектот опфаќа неколку тематски области: едукација, медиуми, човекови права и менаџмент во невладиниот сектор. Ќе биде спроведено истражување по овие тематски области, врз основа на претходна едукација преку тренинзи. Тренинзите ќе се одвиваат преку мониторинг-менторство. За секоја од тематските области ќе се избере по еден ментор, а ќе бидат обучени 12 ученици. Во текот на втората година од одвивањето на проектот, обучените ученици ќе го спроведуваат во пракса она што го научиле во првата година и ќе оформат план за развој, со цел да го искористат што поефектно стекнатото знаење.
М.И.
|