ИНТЕРНАЦИОНАЛ
Human Rights Watch издава ново глобално испитување
Предвидените мерки за борба против тероризмот во Соединетите Американски Држави и во западна Европа ги загрозуваат долгорочните пронципи на човековите права, тврди Хуман Ригхтс Њатцх во своето ново глобално испитување, кое открива дека како последица на анти-кампањата водена од страна на САД се преземаат построги мерки против граѓанската слобода во светот. Извештајот од 670 станици содржи преглед на настаните поврзани со човековите права во 66 земји, од кои две се земји-членки на ЕУ, како и анализи на надворешната политика на Европа и САД, прашања поврзани со бегалците, меѓународна правда и расна дискриминација и нетрпеливост.
http://www.hrw.org/wr2k2/europe.html
„Woices Without Frontiers” (Гласови без граници”) – во Европа Анти-расистичка радио мрежа на здружени радио станици од цела Европа од 16 до 24 март 2002 организирани од Workd Асс. Communits Radio Broadcasters.
http://www.amarc.org/europe По повод Меѓународниот ден против расна дискриминација - 21 март 2002
Од Боб Пуркис, претседател на EUMC (Европски мониторинг центар за расна дискриминација и ксенофобија) и Беате Винклер, директор
Дваесет и први март беше прогласен за Меѓународен ден за отстранување на сите видови расна дискриминација од страна на Генерелното Собрание на Обединетите Нации како реакција на убиството на 70 демонстранти во Шарпвил, Јужна Африка во 1960 година.
Европа е дом на луѓе од многу различни културни, етнички и религиозни потекла. Прашањето како да живееме сите заедно во мир и еднаквост, е главна тема на разговорите по 11 септември 2001. Меѓутоа меѓукултурниот дијалог често го заменува едностраната концентрација на страв, предизвикан од проблемот на тероризмот.
Сe до сега, политичарите како и граѓанското општество често пати даваа празни ветувања надминување на разликите кои постојат во Европа, со тоа и на опасноста од ксенофобија, антисемитизам и расизам. Сe до сега многу малку се стори околу обидите да се разберат причините кои стојат зад овие предрасуди и непријателства.
Сe поинтензивната глобализација, економските проблеми како што се невработеносра и губењето на традиционалните општествени врски во европските општества, ја зголемија несигурноста и поставија пречка во односите меѓу различните заедници во рамките на општествата, особено меѓу домашното и доселеното население како дел од популацијата на Европа. Несигурноста околу идентитетот, припадноста и традициите предизвикаа да порасне стравот од „странски” влијанија и секако соодветно на тоа, отпор кон сe што се чини странско и поинакво. Оваа ситуација особено влијае на младите луѓе. Тие бараат сигурност, тие сакаат да се чувствуваат безбедни и да бидат дел од нешто, односно да припаѓаат на некоја група. А потоа, нивниот копнеж по идентитет го користат десно ориентираните екстремистички групи со нивниот симплистички и опасен презир кон малцинствата, доселениците и странците.
Мора да бидеме свесни дека европското општество отсекогаш зависело од постојаната соработка и заедничко егзистирање на луѓе со различно културно, етничко и религиозно потекло. Европската култура се збогатува со влијанијата од многуте различни култури; тоа всушност и ја дава виталноста. Демократијата напредува со плурализмот на перспективи, вредности и мислења. Токму поради тоа, тој културен плурализам мора да биде законски признаен насекаде во општеството. Во исто време, демократските правила на нашето граѓанско општество, заедно со основните човекови права, како на пример еднаквоста меѓу мажите и жените, мора да бидат обврзувачки за сите.
Доколку сакаме Европа да биде место каде постои еднаквост, односно заедништво во различноста, мора да преземаме акции на секое ниво на граѓанското општество. На овој Меѓународен ден против расизмот ние повикуваме да се отстранат сите пречки кои не ни дозволуваат да живееме заедно како еднакви и да ја почитуваме нашата различност.
http://www.eumc.eu.int
|