Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 76  Прашања и одговори

Даночни поттикнувања на донацијата и спонзорството

КОРИСНИЦИ НА ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА

Член 12

Давателот и примателот на донацијата и на спонзорството имаат право на даночни поттикнувања предвидени со овој закон.


КОМЕНТАР

Корисник на даночни олеснувања може да биде давателот на донација и на спонзорство под услов тие да се однесуваат на јавните дејности и јавниот интерес.

Јавна дејност е дејност во областа на заштитата на правата на човекот и граѓанинот, образованието, науката, развојот на информатичкото општество и преносот на електронски податоци, културата, спортот, здравството, социјалната заштита, заштитата на децата со инвалидитет, крводарителството, детската заштита, заштитата на животната средина и други дејности утврдени со закон како јавна дејност.

 Јавен интерес е поддржување или промовирање дејности во областа на заштитата на човековите права, на промоција на културата, етиката, образованието, науката,  развој на информатичкото општество и преносот на електронските податоци, спортот, заштитата на развојот на граѓанското општество, промовирање на крводарителството, промоција на меѓународната соработка и други дејности утврдени со закон.

Јавниот интерес и јавната дејност ги потврдува Министерството за правда.

Примателот даночните поттиконувања може да ги оствари преку поврат на данок на додадена вредност или преку неплаќање данок на добивка, користејќи го институтот наменски средства.

 

ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА КАЈ ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД

 
Член 13

(1)   Физичко лице кое му донира финансиски средства на правно лице, според одредбите на овој закон, има право на намалување на персоналниот данок на доход утврден врз основа на неговата годишна даночна пријава (образец ПДД – ГДП) во висина од 20% од годишниот даночен долг на давателот на донацијата, но не повеќе од 24.000 денари.

(2)   Персоналниот данок на доход не се плаќа на примањата по основ на примени донации во согласност со одредбите на овој закон.

 
КОМЕНТАР

Кај персоналниот данок се разликуваат два вида даночни олеснувања, т.е. поттикнувања, и тоа:

- даночни поттикнувања кај давателот; и

-  даночни поттикнувања кај примателот.

 Имајќи предвид дека обврзник на персоналниот данок е физичко лице, значи дека само ако физичко лице се јави како давател, тоа може да користи олеснување, и тоа до максимален износ од 24.000,00 денари.

На пример:

- лицето НН дава донација или спонзорство во износ од 100.000,00 денари на здружение чија дејност е унапредување на спортот;

- со решение, УЈП му утврдува персонален данок од 50.000,00 денари;

- данокот што треба да го плати НН изнесува 40.000,00 денари (50.000 – 10.000). 

 

ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА КАЈ  ДАНОКОТ НА ДОБИВКАТА

 
Член 14

(1)   На даночниот обврзник на данокот на добивка износот на дадената донација во тековната година, според одредбите на овој закон, му се признава како расход во даночниот биланс во вкупна висина до 5% од вкупниот приход.

(2)   На даночниот обврзник на данокот на добивка износот на даденото спонзорство во тековната година, според одредбите на овој закон, му се признава како расход во даночниот биланс во вкупна висина до 3% од вкупниот приход.

 
КОМЕНТАР

Кај данокот на добивка даночните олеснувања се исти и за давателот и за примателот, односно тие изнесуваат 5% од вкупниот приход за донации, односно 3% од вкупниот приход за спонзорства.

Ова олеснување е исто само во случај доколку здружението примените донации и спонзорства им ги дава како донација и спонзорство на други здруженија. Доколку примените донации и спонзорства ги употреби за дејноста определена со статутот, односно не ги даде како донација и спонзорство, за здружението важат одредбите за наменски средства од Законот за данокот на добивка.

 
ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА КАЈ ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

 
Член 15

(1)   Прометот извршен за реализација на донацијата според овој закон се смета како промет согласно членот 3 став 3 точки 1 и 2 и членот 6 став 3 точки 1 и 2 од Законот за данокот на додадена вредност. Обезбедувањето средства од буџетот на Република Македонија се извршува на ист начин како кај прометот извршен за реализирање на странските донации за финансирање проекти за кои Владата на Република Македонија има склучено договори.

(2) На надоместокот за влезници за културен, за спортски или за друг јавен настап не се пресметува данок на додадена вредност, без исклучување на правото на одбивка на претходниот данок, доколку целокупниот приход е наменет и се употребува за финансирање активност од јавен интерес во дејностите од членот 3 точка 4 на овој закон.

(3) На надоместокот за комуникациска услуга, согласно Законот за електронски комуникации, во случај кога корисникот со нејзиното користење донира парични средства за финансирање активност од јавен интерес во дејностите од овој закон, не се пресметува данок на додадена вредност, без исклучување на правото на одбивка на претходниот данок.

(4) За спроведувањето на овој член министерот за финансии донесува правилник во рок од 60 дена од денот на донесувањето на овој закон.

 
КОМЕНТАР

За користење ослободувања од ДДВ е донесен посебен правилник („Сл. весник на РМ” бр. 90/2007).

Постапка за ослободување од царина и други давачки, акциза и ДДВ при увоз на добра и стоки, како и постапка за обезбедување средства од буџетот на Република Македонија за плаќање акциза и ДДВ за прометот во земјата при реализирање проекти финансирани од странски донатор, наведена во делот на законот за ДДВ, важи и овде.


ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА КАЈ ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

Член 16

(1)   Донацијата во предмети и материјални добра е ослободена од данок на наследство и подарок кога давателот му го пренесува правото на плодоуживање и користење на примателот.

(2) Донацијата во предмети и материјални добра е ослободена од данок на имот во наредните пет години, по годината во која е дадена донацијата.

Член 17

(1) На странско правно и физичко лице, по негово барање, Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: УЈП) му издава документ со кој се потврдува дека донирал или спонзорирал во дејност од јавен интерес во Република Македонија.

(2) Документот од ставот 1 на овој член се издава со цел давателот на донацијата и спонзорството да добие даночно поттикнување за данокот на добивка во неговата земја.

 
ИЗЗЕМАЊЕ ОД ДАНОЧНИТЕ ПОТТИКНУВАЊА

 
Член 18

Даночните поттикнувања не можат да се остварат кога донацијата и спонзорството се употребуваат за:

1) активности на примателот насочени кон поддршка на политички партии и партиски кампањи; и

2) давање претпријатија од други претпријатија.

Извадок од публикацијата „Преглед на даночните одредби за граѓанските организации со коментар“ - автор Александар Бужаровски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA