Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Концепти

   

Род и развој

НЕДА МАЛЕСКА-САЧМАРОСКА

Луѓето се родени како женски или машки, но тие учат да бидат момчиња или девојчиња кои ќе израснат во мажи или во жени. Низ процесот на социјализација тие учат дека за нив постојат соодветни ставови, улоги и активности, односно модели на однесување кои се сметаат за општествено прифатливи. Ова научено однесување го гради родовиот идентитет и ги детерминира родовите улоги.

Род
Воведувањето на терминот род (гендер), не само кај нас туку и во светот е со цел да се направи дистинкција помеѓу оние карактеристики на мажите и жените кои се билошки детерминирани и кои се неменливи (пол) и оние, социјално определените карактеристики кои се подложни на промена (род).

Ваквата разлика помеѓу полот (сеџ) и родот (гендер) е направена за да се нагласи дека с# она што го прават мажите и жените и с# она што од нив се очекува, со исклучок на нивните полово определени карактеристики (создавање сперма, раѓање деца и доење), може да се промени и се менува со текот на времето и под влијание на различните културни и социјални фактори.

Ова укажува и на фактот дека родот е динамичен концепт и дека родовите улоги, или улогите на мажите и жените варираат од една до друга култура и од една социјална група до друга, во рамките на иста култура.

Вака сфатен родот претставува еден аналитички социјален концепт, кој за разлика од другите социјални категории претставува елементарен организациски принцип на секое општество. Имено, родот има неколку димензии кои се поврзани меѓусебно: социјална димензија; односите помеѓу членовите во семејството го сочинуваат јадрото на семејниот живот како основен ентитет од каде во процесот на социјализација се учат определени улоги; емоционална димезија - развојот на идентитетот на секој поединец е прврзан со одредени родови улоги (да се биде маж или жена); и културна димензија - тука спаѓаат вредностите и нормите кои играат значајна улога во одредувањето на општествено прифатливото однесување на поединците.

Токму од овие причини, кога зборуваме за родови односи, за односите меѓу мажите и жените и за родовата рамноправност, често пати се соочуваме со силни чувства и емоции во кои се испреплетени личните и социјалните аспекти.

На патот до социјалната еднаквост родот е последната бариера бидејќи вклучува трансформација на сопствените ставови и постапки и задира во најинтимните релации.

Разбирањето на родовата диференцијација и родовата дискриминација ќе ни помогне да ја разбереме диференцијацијата и дискриминацијата и на други полиња: етничка, класна, расна… А суштината… Неа ја наоѓаме во нееднаквите релации на моќ.


Развојни приоди - жени во развој
Седумдесеттите години се години кога на жените им беше посветено значајно внимание, посебно преку оргнизирање на првата Светска конференција за жените во Обединетиет нации и прогласувањето на Годината на жените (1975).

Оттогаш, во многу држави жените организирано спроведуваа кампањи, лобираа за укинување на дискриминаторските законски регулативи и за законско признавање на правото на жените на рамноправност. Во 1979 година Обединетите нации ја донесоа и Конвенцијата за елиминација на сите видови дискриминација на жените. Со ова жените добија многу во однос на формално-правниот аспект, но сепак промената на законите и на политиките на земјите не гарантираа еднаков третман.

Жените кои дотогаш беа „невидливи” и исклучени од развојните процеси сега почнаа да се „интегрираат” во развојните процеси со мислење дека на тој начин би се зголемила и користа од нив. Ова специфично потенцирање на жената станува с# пораширена развојна тема наречена „жени во развој”.

Овој пристап укажува на тоа дека кога на жените би им се дале повеќе ресурси тие ќе произведуваат повеќе производи и услуги за поголем профит за нив и за нивните семејства. Зголемувањето на економската независност, а со тоа и моќта на жените, се семеташе за решение за проблемот на подреденоста на жените. Се зголемија проектите кои имаа за цел остварување приходи од страна на женската популација, а с# попопуларни станаа обуките за оспособување на жените за разни видови работи. Се сметаше дека повеќето жени на клучни позиции во бизнисот и во попрестижните професии ќе значи подобро претставување и поголема моќ на жените како група.

Овој приод претрпе голем број критики кои беа насочени кон нагласувањето на продуктивниот капацитет на жените без да се препознаат репродуктивните одговорности, што резултира со лоша проценка на растегливоста на вложеното време (најдрагоцениот ресурс на жената) и на вложениот труд на жените. На овој начин всушност се зголеми и работната норма на жените и товарот од домашните обврски. Ваквиот приод беше критикуван и заради гледањето на жените во изолација и игнорирање на нивната положба во однос на мажите, што доведуваше до нагласување на нееднаквоста и до проширување на јазот меѓу мажите и жените.

Во осумдесеттите години се развива една нова теорија која претставува алтернација на теоријата на "Жени во развој", но која сепак во однос на приодот значајно се разликува - "Род и развој".

Имено, додека приодот „Жени во развој” во фокусот на вниманието ги става жените и се обидува да ги интегрира во развојните процеси, приодот "Род и развој" се базира на анализа на машките и на женските улоги, нееднаквите релации кои постојат меѓу нив и можноста за нивна трансформација. Целта на овој приод е токму промената на таквите нееднакви релации и воспоставување баланс во односите на моќ меѓу мажите и жените.

Холистичкиот пристап на приодот "Род и развој" препознава дека интересите на мажите и жените се различни, ги препознава придонесите на мажите, но ја препознава и подредената положба на женитге. Овој приод ги расчленува оние познати концептуални единици како што е заедницата, домаќинството и семејството и ги разгледува во нивните постоечки релации кои, за жал, не се базираат на еднаквост, туку на сложени системи водени од позиција и од моќ.

Овој приод ги препознава и разликите, варијациите и искуствата на жените во поглед на нивната подредена улога кои се разликуваат во однос на класите, етничката припадност, сексуалната определба и возраста и не се согласува со претпоставката дека сите жени секогаш имаат ист интерес.

Централана точка за анализа која овој приод ја користи и низ чија призма ги разгледува постоечките односи во општеството е родовата поделба на трудот, односно различните видови работа што ја вршат мажите и жените, како и капацитетите и способностите врз основа на кои се препишува што е соодветно за нив.
Овој приод се обидува интервенциите да ги базира на анализа на машките и на женските улоги и потреби со цел да ги оспособи жените да ги подобрат своите позиции поврзани со мажите на начини на кој ќе му користат и ќе го трансформираат општеството во целина.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 15 Април 2002
Број 15 Април 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA