Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

TEMA

 МУЛТИКУЛТУРНА СОРАБОТКА И ДИЈАЛОГ

Сите наши ковчежиња со азно

 

Поделеноста на етничка, религиозна, културна и друга основа е се’ уште наша реалност, и во регионални и во национални рамки. Дијалогот најмногу се одвива помеѓу глуви, иако, за среќа, има и такви кои се слушаат, сослушуваат и разбираат. Програмите и проектите за подобрување на мултикултурната соработка и на меѓуетничките односи се се’ уште еден од приоритетните фокуси на поголемите фондации и институции, домашни и странски, кои работат во Македонија

Маријана Иванова

Големиот италијански космополит и интелектуалец, Нуло Миниси, во едно свое обраќање до народите на Југоисточна Европа, пред две-три години, изјави: “...Народите на Југо-источна Европа треба да се потсетат дека национализмот не е патриотизам, не ја сочинува древната доблест, туку е современо зло: тој е затруена форма на сопствениот восхит наспроти другиот, кој и да било друг, што се појавила минатиот век и се зацврстило во уривачка политичка сила во Европа на почетоците на нашиов век.
Европа се ослободи од национализмот со Втората светска војна. Сега е ред на народите на Југоисточна Европа да го извршат тој голем чин и да стават дефинитивен крај на тоа големо зло. Тоа е револуцијата што историјата ја бара од народите на Југоисточна Европа. Тие имаат преголемо богатство од народни традиции и дарби за да ја пропуштат оваа прилика...”1
Но, и покрај овој инспиративен апел на пријателот на балканските народи, поделеноста на етничка, религиозна, културна и друга основа е се’ уште наша реалност, и во регионални и во национални рамки. Дијалогот се’  уште најмногу се одвива помеѓу глуви, иако, за среќа, има и такви кои се слушаат, сослушуваат и разбираат. Се’ повеќе...

Вмрежување за соработка

Програмите и проектите за подобрување на мултикултурната соработка и на меѓуетничките односи се с$ уште еден од приоритетните фокуси на поголемите фондации и институции, домашни и странски, кои работат во Македонија. 
Во рамките на таквите програми, во Македонија се разви иницијативата на Европскиот центар за  малцински прашања (ЕЦМП) од Германија и група македонски невладини организации кои ја сочинуваат  мрежата на НВО ЕЦМП за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија. Во моментов, мрежата на НВО ЕЦМП се состои од 43 здруженија на граѓани како полноправни членки и 15 асоцијативни членки. Нивната цел е, подобрувајќи го сопствениот капацитет, да спроведуваат интеретнички проекти, преку тренинзи, теренски совети, посредување за дијалог помеѓу организациите - членки на мрежата и нивните корисници, локалната власт, медиумите и други; зајакнување на кредибилитетот на членките на НВО преку развој и придржување кон Кодексот на однесување; како и поддршка и развој на заеднички интеретнички проекти на членките на НВО, нивна презентација кај донаторите и нивна имплементација според критериумите. Така, тие ќе можат да иницираат заеднички проекти и други иницијативи со силна меѓуетничка димензија, и, секако, да ги спроведуваат.
Оваа мрежа има своја веб-страница (www.ecmingonet.org.mk), а функционира преку шест регионални центри во Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Гостивар, и Штип, формирани на почетокот на оваа година. Сите тие остваруваат добра соработка со локалната самоуправа.
Мрежата на НВО ЕЦМП своите иницијативи за спроведување различни проекти (од областите како инфраструктура, култура, медиуми, образование, човекови права, полови прашања, млади, невработеност, деца и мигранти) ги базира врз потребите на заедницата. Сите прашања се решаваат заеднички, во мултикултурни и мултиетнички проектни тимови. Идејата е токму тоа - луѓето, без оглед на своите различности, да се обединат во решавањето на конкретните проблеми од своето живеење.

Доверба преку запознавање на разликите

“Подобрување на меѓуетничките односи во Македонија” е наслов на тригодишната програма која е поддржана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Фондацијата Крал Бодуен и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот.
И оваа програма се спроведува преку вмрежување на НВО. Поддржува локални иницијативи на граѓани со цел да се надмине јазот меѓу заедниците или етничките групи. Освен регистрираните невладини организации, Програмата ги поддржува и неформалните групи составени најмалку од пет граѓани кои не се во роднинска врска.
Цели на оваа програма се воспоставување и развој на подобри односи меѓу различни групи во етнички мешаните средини; градење доверба преку запознавање на традицијата, културата, религијата и јазикот; отворање комуникација меѓу различни етнички заедници; промоција на вредностите на демократијата, дијалогот, толеранцијата, соживотот и зачувување на мирот, откривање и поддршка на нови иницијативи на неформални групи граѓани и соработка помеѓу нив и НВО.
Програмата има веб-страница (www.ierse.org.mk), на која се дадени и детали за критериумите и условите за проектите што можат да бидат поддржани. Минатиот месец беа потпишани договори за грантови за 15 проекти, од кои 14 ќе ги спроведуваат НВО, а еден неформална група граѓани. Во рамките на Програмата “Подобрување на меѓуетничките односи во Македонија” функционира и група од шест советници кои работат на терен, директно со граѓаните и невладините организации. Нивна задача е и да откриваат нови иницијативи и да даваат поддршка на постојните.
Ова е само дел од иницијативите и програмите кои се спроведуваат во Македонија за подобрување на меѓуетничките релации. На сите заедничка им е крајната цел која Нуло Миниси ја искажува на негов својствен начин во апелот споменат на почетокот на овој текст: “Народите на Југоисточна Европа... На американскиот егоизам, на зачмаеноста на Европа треба да им покажат дека се вистински следбеници на сите големи медитерански култури: христијанската, исламската и лаичката, кои во својот миг на процут биле длабоко човечки. И нека се соединат со Западот, носејќи го како голем дар својот ригорозен политички морал, кој Западот го загубил”.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA