Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 79  Интервју

Експедитио, Котор, Црна Гора

Нашата визија е квалитетен простор за поубаво живеење

Се решивме на невообичаено интервју со три личности, бидејќи и тие самите се необични, како и здружението на кого му припаѓаат. Александра Капетановиќ, Билјана Глигориќ и Татјана Рајиќ се три млади архитектки, кои сета своја креативност, знаење и ентузијазам ги посветуваат на културното наследство, архитекурата, просторното планирање и граѓанскиот сектор во Црна Гора, со посебен фокус на Бока Которска и нејзината околина.

Невообичаено во сета приказна е посебната посветеност на овие три девојки на мисијата на здружението кое самите го основале, Експедитио - Центар за одржлив просторен развој, со седиште во Котор, Црна Гора. Посветеноста и ентузијазмот какви што ретко се сретнуваат, дополнети со бујната фантазија, кретаивноста и ширината на мислата каква што често имаат припадниците на архитектонскиот еснаф (многу од нив имаат уметничка нишка во себе), придонесоа ова здружение да биде едно од најактивните и најуспешните во Црна Гора.

Необична е и приказната за создавањето на Експедитио. Нејзина основа била одлуката Билјана, родена во Белград, и Татјана, родена во Кикинда,  да се преселат во Котор, родниот град на Александра, откако по учеството во неколку работилници во Пераст, Котор и другите бокакоторски бисери, неповратно се вљубиле во овој предел...

Како почнавте да соработувате? Дали тоа беше дружење од факултетските денови?

Татјана Рајиќ: За време на студиите на Факултетиот по архитектура во Белград, ние трите не се дружевме особено. Но, пред 10 години учествувавме на студентските протести против Милошевиќ, а таа енергија остана и по протестите. Ја преточивме во Клубот на младите архитекти, чија работа ја обновивме, бидејќи тој беше речиси згаснат. Ние трите и уште неколку колеги од „екипата” од протестите возобновивме некои проекти на Клубот, како на пример Пешачкиот маратон на Фрушка Гора. На враќање од тој маратон, во возот се договоривме летото да организираме работилница во Пераст, во Бока Которска. 

Александра Капетановиќ: Урош, наш колега и единствен машки лик меѓу нас, ни помогна да го составиме проектот за работилница во Пераст. На таа архитеконска работилница учествуваа 16 студенти. Работилницата ја организиравме без професорите, сами обезбедивме средства. Цртавме подлоги на зградите, соработувавме со мештаните. Градот н$ инспирираше и од таа работа произлезе една публикација за Пераст – „Триста години самотија”, а потоа одржавме презентација на резултатите на проектот. Овој проект, на наша голема гордост, беше награден. 

Дали таа работилница беше ваша инспирација и да го основате здружението Експедитио?

Татјана Рајиќ: Па, со текот на времето, од неколкуте ентузијасти останавме ние трите. Продолживме со работа на различни проекти во Котор и така, од 2000 година, постојано живееме тука. Во 2000-тата решивме да основаме невладина организација и ра работиме на проекти. Така се создаде Експедитио.

Билјана Глигориќ: Прв поголем грант добивме од УНДП, по пет години работа. Тоа беше проектот „Нова дурмиторска куќа”. Распишавме конкурс и започнавме со системска работа и кампања против бесправната градба, во партнерство со локална организација. УНДП ни помогна многу да зајакнеме како организација.

Александра Капетановиќ: Експедитио во тоа време стана позната организација. Тогаш, пред пет години, имаше доста можности за работа во невладиниот сектор. Донаторите н$ запазија, а меѓу нив и УСАИД. Ни закажаа состанок во Котор и ни понудија да отвориме канцеларија. Со нив потпишавме договор и оформивме регионален центар за развој на граѓанското општество. Добивме различни обуки и опрема – УСАИД многу ни помогна да се развиеме. Потоа, добивавме понуди за соработка и од други донатори.

Какви проекти спроведуваше Експедитио? 

Татјана Рајиќ: На почетокот, работевме на различни проекти. Три години работевме на јавно застапување, користејќи го и пренесувајќи го знаењето кое го стекнавме. Но, потоа одлучивме да се свртиме кон нашата професија и да се фокусираме на проблемот на одржливата архитектура во просторното планирање.

Александра Капетановиќ: Работевме и на проекти за одржлив развој, со поддршка од Фондацијата Рокфелер, а од страна на Европската агенција за реконструкција добивме поддршка за проект во областа на евроинтеграцијата на Црна Гора. Но, малку по малку се фокусиравме и сега работиме на четири области, што се зацртани и во нашата мисија: поттикнување на одржливиот развој и унапредување на урбаните и руралните средини во Црна Гора преку дејствување во областите на архитектурата, просторното планирање, заштитата на животната средина и развој на граѓанскиот сектор. Сметаме дека преку овие сектори можеме да одиме кон нашата визија – квалитетен простор за поубаво живеење.  

Каков е просторот за работа на здруженијата на граѓани во Црна Гора?

Билјана Глигориќ: Сега е потешко од пред две години. Многу донатори се повлекоа, пред с$ американските. Во Црна Гора сега се повеќе присутни  европските донатори, а со нив соработката е покомплицирана бидејќи се бара поголемо финансиско учество на самите здруженија на граѓани. Но, од друга страна, позитивно е тоа што настапува фаза кога институциите на државата почнуваат да бараат услуги од нас. Експедитио добива понуди за изработка на студии од страна на властите на Црна Гора. Мислиме дека тоа е многу позитивен тренд. Н$ препознаваат како партнери и имаме позиција да дејствуваме и да учествуваме во одлуките на властите. Експедитио е во моментов пред една раскрсница – сакаме да се фокусираме повеќе и во фаза сме на изработка на нова стратегија. Овој момент е за нас битен и би сакале да соработуваме поблиску со другите сектори во општеството – со владиниот сектор, а во иднина и со бизнис-секторот.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA