|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Недела на “Christian Aid” 2005
Поддршка од Ронан Китинг и Џил Хафпени
Неделата на “Christian Aid”, која се одвиваше од 15 до 21 мај е првпат започната во 1957 година и е најстарата кампања за собирање средства “од врата на врата” во Велика Британија.
Минатата година “собирачите” на неделата на “Christian Aid” собраа 14,7 милиони фунти кои беа искористени за поддршка на хуманитарната работа во повеќе од 50 сиромашни земји во светот.
Оваа година, за време на одржувањето на неделата на “Christian Aid”, освен вообичените повици за готовина, волонтерите ќе делат картички од кампањата кои потоа ќе се испраќаат да владата со барање да се реши прашањето на неправедноста во светската трговија.
“Нападот” со картичките се совпаѓа со претседателството на Велика Британија со ЕУ, кое треба да започне подоцна годинава. Владата исто така ќе биде и домаќин на средбата Г8 на најмоќните светски лидери во јули, оваа година.
Трговските услови кои им се наметнати на сиромашните земји од страна на глобалните институции и побогатите народи уништуваат животи и економии и им ја одземаат на милиони луѓе можноста сами да најдат излез од сиромаштијата.
Ирската поп-ѕвезда и амбасадор на “Christian Aid”, Ронан Китинг, кој беше сведок на деструктивното влијание на меѓународните трговски правила, кога ја посети Гана минатата година со добротворната организација, рече: “Визијата на ‘Christian Aid’ е свет во кој не постои сиромаштија. Со донирање пари и со преземање акции за трговска правда, можете да помогнете таа визија да се оствари во неделата на ‘Christian Aid’”. Повеќе од седум милиони луѓе земаат учество во неделата на “Christian Aid” секоја година, а 350.000 волонтери учествуваат во собирањето средства “од врата на врата”. Илјадници спонзорирани настани се одвиваат низ целата земја, а детали од тие настани можете да најдете на страницата њњњ.цхристианаидцоннецт.орг.
Собраните пари одат за помош на луѓе како Мандуле Загаке од Демократската Република Конго чие семејство доби пет пилиња од помошта на “Christian Aid”. Петте пилиња сега станаа десет на број, а јајцата кои ги даваат му обезбедуваат храна и приход на семејството, а семејството на Загаке сега ги даде пилињата на користење на друго семејство. Неделата на “Christian Aid” 2005 е поддржана од државните печатени медиуми и националната телевизија, а се рекламира со пораката “Вие додавате, ние множиме”. Г.Ш.
Европски Омбудсман
Годишен извештај за 2004
Европскиот Омбудсман, П. Никифорос Дијамандурос, му го претстави својот Годишен извештај за 2004 на Комитетот за петиции на Европскиот парламент. Извештајот дава преглед на работата на Омбудсманот во 2004 година и ги истакнува постигнатите резултати во врска со граѓаните на ЕУ. Во 2004 година имаше неочекуван пораст од 53% на жалбите упатени до Омбудсманот, што претставува јасен сигнал за зголеменото ниво на свест за услугите кои ги обезбедува тој. За првпат, повеќе од половина од жалбите беа пратени по електронски пат, или преку електронска пошта, или преку користење на формуларите за жалби на интернет-страницата на Омбудсманот. Во речиси 70% од разгледаните случаи, Омбудсманот им помогнал на поднесувачите на жалбите со отворање истрага за случаите, пренесувајќи ги до некое компетентно тело или преку давање совет за тоа каде да се обратат за навремено и ефикасно решавање на проблемот.
За повеќе информации (примероци од решените жалби во полза на граѓаните), посетете ја веб-страницата www.euro-ombudsman.eu.int/report/en/default.htm, каде ќе најдете информации на сите официјални јазици на ЕУ. Целосниот извештај на англиски јазик е достапен на истата веб-адреса. Т.Х.
Европски институт за напредни студии
Предизвиците на управување со Третиот сектор
Третиот сектор се соочува со брза промена на средината која го доведува во прашање неговото продолжување во сегашната форма. Истражувачката работилница, која ќе се одржи на 6-7 септември 2005 година во Белфаст, Ирска, ја нуди Европскиот институт за напредни студии по менаџмент (ЕИАСМ). Таа има за цел да ги испита моменталните влијанија на ефикасното работење на организациите на Третиот сектор и да ги претстави и да дискутира за висококвалитетните истражувачки трудови по сите релевантни аспекти на управувањето со мали и големи непрофитни организации. Конференцијата е од интерес како за истражувачите, така и за изготвувачите на политиките, постарите менаџери и адвокатите од сите области во непрофитните организации. За повеќе информации отидете на: www.eiasm.org/frontoffice/event_announcement.asp?event_id=372, напишете на адресата : audrey@eiasm.be Т.Х. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|