Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

НАФИ САРАЧИНИ

Граѓанските асооциации - фактор или декор на граѓанското општество во Македонија?

Гледано низ призмата на квантитетот, досега постигнатото во развојот на невладинот сектор во Македонија заслужува почит. Континуираниот раст на бројот на здруженија на граѓани и фондации претставува позитивен индикатор за демократските промени, особено ако се земе предвид големината на државата и нејзината економска и политичка реалност.

Но, се чини дека бројнаста на овие организации не е проследена и со реално очекуваната позитивна промени во подигнувањето на квалитетот на граѓанскиот живот и неговото активно и ефективно учество во градењето на демократските процеси во земјата. Нормално би било да се очекува дека при повеќе од 4,000 регистрирани здружанија на граѓани и фондации, овој сектор има изградено свое место и претставува значаен фактор во општеството кој дава свој придонес во: изградбата на демократските односи, промовирањето на плурализмот, спроведувањето и подобрувањето на законодавството, надминувањето на сиромаштијата и бедата, корегирањето и комплементирањето на државните активност и слично. За жал, од покажаното досега, со ваквото место и улога невладиниот сектор во Македонија сеуште не може да се пофали. Колку за утеха, патем може да се каже дека и политичкиот и економскиот фактор во земјава, кога станува збор за некои од наведените прашања, исто така е далеку од пофалби.
Од досегашниот развојот на овој сектор може да се забележи дека, покрај квантитативните промени, сосема малку е постигнато во надминувањето на стерилната улога која овој сектор ја има во Република Македонија. Хронолошки следено, интернационалниот фактор даваше и дава голем продонес во институционалното јакнење и обуката на новите здружениа на граѓани, но исто така е неспорно дека во насока на разбирањето и градењето на свеста за улогата на невладините организации во изградбата на граѓанското општество не е скоро ништо направено.

За таквата состојба во голема мера придонесуваат и самите асоцијации на граѓани. Повеќе од индикативна е сферата и видот на активностите со кои нашите граѓански ассоциации се занимаваат.
Гледано во глобални рамки, во најголем број случаи оперативните цели и задачите кои овие организации ги поставуваат се во рамките на констатирањето на проблемите или во најдобар случај отстранување или ублажување на последеци од одредени негативни или несакани појави во различни сфери на општествениот животот. Како најзастапени активности за постигнувањето на зацртаните задачи се предлагаат и реализираат семинари, трибини, работилници, „дружења” и слични активности кои се затворени во сферата на едукацијта, која најчесто се претвара во цел за себе. Се разбира дека ваквите активности самите по себе не се негативни, но во околности кога тие се појавуваат како единствена кретивна фантазија на граганското асоцирање и воедно се реплицираат по својата содржина, тогаш и тие за жал добиваат негативна конотација.


Идикативен е и начинот на дефинирање на проблемите и потребите за одредени проекти и активности. Доколку тие веќе не се дефинирани од страна на донаторот, тогаш тие се најчесто базирани на индивидуално мислење и разбирање на состојбите од страна на предлагачот.

Како примери кои најилустративно ги одразуваат овие констатации може да се спомента проектите кои имаат за цел да ја поттикнат и подржат половата равноправност а како активност предлагаат курсеви за шиење, кроење или слични занимања или пак семинари и работилници на кои ексклузивно учествуваат само претставници на еден пол. Сличен пример се проектите кои имаат за цел да едуцираат деца во основните училишта за нивните права според мегународните стандарди и тоа се прави без учество на нивните родители, старатели, односно оние фактори кои треба да овозможат реализација на тие права. Безброј примери може да се наведат и во областа на меѓуетничката толеранција, разрешувањето на конфликтите, сферата на екологијата, здравството итн... За жал, ваквите негативни примери се доминатни во однос на оние проекти и активности кои имаат аналитички и студиозен пристап на проблемите во општеството

Бројот на граѓански ассоциации кои имаат соодветен капацитет и се занимаваат со стратешкото планирање и анализирање на корените на проблемите, нивната причинско-последична поврзаност, е сосема мал и недоволен. Соодветно на тоа недостогаат проекти кои реализираат активности кои се занимаваат со отстранување и надминување на причините на проблемите, проекти кои предлагаат решенија или опции за решавање на одредени проблеми од поширока општествена важност. Исто така, недостигаат проекти кои нудат алтертнативни стратешски програми и планови за решавање на одредени прашања од критичко значење за иднината на државата, како и предлог програми за решавање на одредени економиско-политички проблеми со кои се соочува државата.
Организирање на граѓанскиот притисок врз носителите на одлуки и креатори на политиката на државата за прашања од интерес на граѓаните и слични активности ретко може да се најдат во агендите на нашите здуженија и фондации.

Ваквиот во релативна смисла „површен” пристап кон проблемите придонесува во голема мера и за создавањето на погрешна слика и разбирање на овој сектор во целина. Поточно, не придонесува во промената на сеуште доминантното стереотипно разбирање и идентификациа на невладиниот сектор само како хуманитарно-волонтеристичка дејност која не ретко се поврзува и со незаконски и неморални активности.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 14 Март 2002
Број 14 Март 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA