Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 38 Мај 2004  Погледи

погледи: Наташа Петрова

Претприемништвото и семејниот бизнис се нашата иднина 

За да се стимулира развојот на малото стопанство и претприемништвото, покрај неопходните предзнаења и индивидуалните способности што ги поседува претприемачот, потребна е и голема поддршка и помош, материјална и нематеријална. За илустрација, би се осврнала на почетокот на нашиот семеен бизнис.
На самиот почеток, работевме во преадаптирани простории во нашата семејна куќа, со многу мал број машини, ни беше потребна  материјална поддршка или кредитирање за техничко доопремување. Нашиот бизнис-план беше поддржан од ХЗ Можности, а беше и одобрен кредит за набавка на основни и обртни средства, без што бизнисот не би бил на нивото на кое се наоѓа денес. Но, голем број од претприемачите не се доволно информирани каде можат да добијат кредит и под кои услови или пак како да го изработат својот бизнис-план.

Што значи, потребно е претприемачот континуирано да се надградува и едуцира во областа од менаџментот, маркетингот, изготвувањето на бизнис-планот итн. Семинарите од ваков тип во Асоцијацијата на жените претприемачки АРНА, многу ми помогнаа за поголема едукација и информираност за можностите на финансирање, за изготвување на добар бизнис-план, но и за стекнување сознанија за важноста на маркетингот. Во повисоко развиените земји помошта повеќе се состои во нематеријален дел, т.е. од разни видови обуки од областа на менаџментот и маркетингот, што е и разбирливо со оглед на нивниот степен на развиеност. Во земјите, пак, на економска транзиција, каква што е и нашата, новоформираните мали претпријатија имаат потреба од финансиска, па потоа и од друг вид стручна помош. Се наметнува прашањето дали претприемачите се луѓе природно предодредени за своите стопански активности со својот претприемачки дух (талент, иницијатива, креативност, остроумност, настојчивост, независност и прифаќање на ризик). Дали поседуваат карактеристики на добри организатори, на креатори на активности во примената на иновациите и инвентивноста на својот дух, или, пак, тоа е резултат на адекватното опкружување, на моменталните социјално-економски состојби. Немањето нови работни места ги условува, на некој начин, да отпочнат да се занимават со претприемништво.Сите фактори се важни во создавањето добар претприемач. Само во една взаемна корелација на карактеристиките на една личност, влијанието на средината и доброто воспитание и образование се создаваат добри претприемачи, кои преку отворање свој сопствен семеен бизнис не само што го решаваат својот сопствен проблем околу вработувањето, туку отвораат простор за нови вработувања.

Решавањето на проблемот на вработувањето преку претприемништвото и развојот на секторот на малите и средните претпријатија, треба да претставува цел од највисока важност на економската политика на земјите во транзиција. Малото стопанство овозможува полесно и побрзо вработување во однос на големите нефлексибилни претпријатија, а со развојот на претприемништвото се отвора простор за самовработување и за нови вработувања. Така, претприемништвото и малото стопанство имаат клучна улога во стопанското преструктуирање и од тој аспект имаат особено голема важност во процесот на економската транзиција на македонското стопанство. Нашата земја треба да создава добра клима и амбиент за развој на претприемништвото, а посебно би го нагласила женското претприемништво. Нивната желба за независност и самодокажување, како и желбата да се намалат негативните економски ефекти како последица на невработеноста и обезбедување сигурност, говори дека жените претприемачки се значаен и растечки сегмент на малото стопанство. Како и во секој бизнис, така и во нашиот, постојат одредени ризици со кои секојдневно се соочуваме и се бориме, но би рекла дека претприемачите се луѓе, малостопанственици кои не мируваат, тие постојано создаваат и се борат, внесуваат нов квалитет, трагаат по иновации и реализации на своите идеи. Претприемачот не е само визионер, туку и реализатор на своите идеи. Од сето досега искажано, претприемништвото и семејниот бизнис се нашата иднина којашто треба сите ние сериозно да ја сфатиме и да ја поддржиме.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA