|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Основни категории на Законот за персонален данок од доход
Што е персонален данок од доход II
Даночна стапка
Стапката која се користи при пресметка на персоналниот данок од доход е променлива (прогресивно) и зависи од нивото (основица за пресметка) на исплатата, па така за исплати кои се во висина: - до 25,500.00 МКД (нето) или 31,500.00 (бруто) МКД се користи стапката од 15% - за сите исплати над 25,500.00 МКД (нето) или 31,500.00 МКД (бруто) се користи стапката од 18%.
Ова значи дека на сите приходи ќе платите 15 % персонален доход до 25,500 (нето), а за секој износ над тоа стапката на оданаочување е 18%.
Даночни ослободувања
Една од спецификите на овој закон, а воедно и одредба која предизвикува нејаснотии кај вработените во меѓународните организации, преставува токму одредбата за даночни ослободувања според која од овој данок ослободени се:
1. Шефовите на странски дипломатски мисии и членовите на нивните семејства, освен ако тие членови не се државјани или резиденти на РМ 2. Шефовите на странски конзуларни мисии и членовите на нивните семејства, освен ако тие членови не се државјани или резиденти на РМ 3. Функционери и стручњаците на ООН и нејзините агенции 4. Лицата вработени во странски дипломатски мисии, странски конзуларни мисии и меѓународни организации, освен ако не се државјани или резиденти на РМ 5. Почесни конзуларни функционери на странски земји, но само за надомест што го добиваат од тие земји 6. Државјани на Република Македонија за примања остварени во меѓународни организации.
Пооделни видови исплати (приход)
При пресметките и исплатите на персоналниот данок од доход (наведени во воведниот дел), Законот дава неколку различни видови пресметки и исплати и тоа во зависност од видот на примањето, посебно во делот на категоријата други приходи кои ги дели на:
Приходи по основ на договор за дело и други лични примања Приходи по договор за закупнина Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопствениот за уметност и фотографски дела Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопственост за вајарски дела, керамика и сл. Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопственост за преводи, сериозна музика и сл. Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопственост за естрадни програми Други приходи (сите останати договори кои не се споменати погоре).
Разликата помеѓу сите гореспоменати договори се состои во различното ниво на признаени трошоци со кои се намалува даночната основа при пресметка на персоналниот данок.
Поради сложениот начин на пресметка за поодделните примања, од една страна, и ограничениот простор, од друга страна, дозволете ни тоа да го сториме во некоја следна прилика.
Александар Бужаровски, раководител на Административно-финансиското одделение во МЦМС
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|