Погледи: Ѓунер НЕБИу
Самостојно, покоординирано и поцелисходно
Во екот на трансформацијата на општеството во плуралистичка демократија, на почетокот на 90-тите години, еден од предвесниците на новиот систем беше појавувавањето на голем број невладини организации кои се занимаваат со женски прашања. Заедно со оние кои веќе беа формирани во една или друга форма во бившиот систем, големиот број нови женски невладини организции создадоа добра основа за конечно да се решат прашањата на општествениот статус на жените.
Ако гледаме според бројот на невладини организации кои се активни на полето на женските прашања во Македонија (спред Адресарот на МЦМС од 2001 има над 100 активни женски НВО), и бројот на активности кои се преземени во последните десет години, може да се заклучи дека многу прашања се отворени, многу дилеми се затворени, многу предрасуди не се веќе предрасуди, со еден збор работите се движат, и тоа во посакуваната насока. Во женското невладино организирање сега веќе постои критична маса луѓе кои се посветени и компетентни, а исто така и голем број добри идеи кои се добри како голем број успешно реализирани замисли.
Исто така, напревени се видливи резултати речиси на сите полиња на кои женските организаици, коалиции и мрежи се ангажираа во изминатите 10 години, почнувајќи од учеството на жените во економските и политичките процеси, законксите и политичките мерки кои се поврзани со стаусот на жените, решавањето проблеми на специфични групи жени, итн.
Но, од друга страна, ако се прашаме себеси дали општо гледано жените во Македонија профитираат во ист сразмер на инвестициите напревени во женскиот невладин сектор, на нашиот внатрешен развој, и дали нивната вкупна општествена положба е значително подобрена како резултат на работата на женското невладино организирање во Македонија, одговорот не е секогаш едноставен.
Она што мислам дека ни недостасува за да имаме поголем ефект во нашето делување е отсуството на координација. Ова можеби изгледа контроверзно, но факт е дека токму координацијата е делот на којшто е посветено најмногу внимание од страна на донаторите и како резултат создадени се многу форми преку кои таа ќе се поттикне. Но, сепак факт е и дека програмите и проектите непотребно се дуплираат и повторуваат, постои извесна паралелност во функционирањето на мрежите, како и натпреварување во борбата за истакнување пред донаторите. Фактички, во однос на с$ што не е внатре во сопствената мрежа или коалиција, се постапува потполно спротивно на она што се прокламира како вредност на вмрежувањето. Кога голем дел од енергијата и времето се посветуваат на овие прашања се доведува во прашање ефикасноста на мрежата, односно постигнувањето на примарните цели поради кои тие се формирани.
Друг предизвик е зголемување на целисходноста на нашето делување, односно поголемо впуштање во решавањето конкретни потреби на конкретни групи жени. Имено, се уште голем број од акциите кои потекнуваат од мрежите се насочени кон површината на проблемите. Како резултат на тоа, во рамките на женскиот невладин сектор, не е создаден долгорочен креативен потенцијал за влијание врз законската рамка, социјалната политика, конкретни превентивни акции на национално или регионално ниво, итн. Секако дека активности на сите овие подрачја постојат (некои од нив се и многу успешни), но тие се или во ембрионална форма, или се резултат на идеи кои се добиени од странски донатори или помагачи.
Сето ова и не би било толку проблематично ако не го земеме предвид фактот дека веќе сега е видливо повлекувањето на странските донации и поддршка (особено од финансиска помош), што не соочува со прашањето колку ние ги искористивме изминатите десет години и ментално и институционално да се вкорениме во граѓанското општество и да бидиме негов активен дел. Уште повеќе се наметнува потребата да се надополни пропуштеното, сега во многу пократок рок и со помала комоција за да создадеме на крајот едно ефикасно женско движење.
Логиката на поимот движење упатува кон делување во еден ист правец. Ако во држава со 2 милиони жители имаме 3-4 групи кои работат за промоција на женските права и поголемо социо-економско интегрирање на жените, а притоа многу малку вистински меѓусебно се разбираат, тогаш заклучокот е дека единствено женско движење не постои.
|