ПРИЛОГ 4: Најчесто употребувани поими / термини
Македонска православна црква
Архиепископ - “прв епископ”; според Уставот на МПЦ, единствен архиепископ е поглаварот на Црквата кој ја носи титулата архиепископ охридски и македонски. Вообичаеното обраќање е со “Ваше/Негово Блаженство”
Вечерна - заедничко дневно богослужение кое се служи навечер
Епархија - територијата која се наоѓа под јурисдикција на еден епископ
Литургија - (грч. леитоургиа) го означува централното богослужение во Црквата - чинот на Евхаристијата, односно чинот на светата тајна Причест
Манастир - комплекс од црква со конак, престојувалиште на монасите
Митрополит - доаѓа од мхтропо,лиј - главен град на една земја; го означува надлежниот архиереј на една епархија. Вообичаеното обраќање е со “Ваше/Негово Високопреосвештенство”.
Параклис - капела, мала црква во кои се служи богослужба, но која не е парохиска црква, туку најчесто се наоѓа во комплекс со поголем храм, училиште, болница и сл.
Утрена - заедничко дневно богослужение кое се служи наутро
Црква - а) заедница на верните соединети во верата во Господ Исус Христос;
б) храм, место за богослужба.
Исламска заедница во Република Македонија
Ваиз – проповедник
Гусулхани – место каде се верските подготовки за погреб на починатите муслимани
Имам – верски службеник кој ги предводи верниците во молитва
Исламски центри – верски објект со културни, образовни и хуманитарни содржини
Мектеби – училници за веронаука
Месџид – верски објект без минаре
Муали – вероучител (веронаука)
Муезин – верско лице помошник на имамот
Муфтија – предводник на муфтиството
Муфтиство – регионален управен орган на ИВЗ
Намаз – верски обред
Намаз на Курбан Бајрам – верски бајрамски обред
Намаз на Рамазан Бајрам – верски бајрамски обред
Рамазански пост – пост на месецот рамазан
Реис-ул-улема – поглавар (прв човек на ИВЗ)
Саат кула – објект кој служи за означување на времето
Теќе – верски исламски објект
Турбиња – мавзолеи (гробишта)
Хаџџ – ходочастие
Џамија – верски исламски објект
Џематси одбор – орган при муфтиството кој се бира од верниците
Џума намаз – неделен петочен верски обред
Католичка црква
Бискуп - епископ
Егзарх - управител на една црковна единица
Манастир – верски објект во кој живеат посветени лица на Бога
Монсињор – почесна титула
Ординариј - управител на епархија
Црква – верски објект во кој се одржуваат верски обреди
Еврејска заедница во Република Македонија
Арвит (арвит хебр.) – збирна вечерна богослужба или вечерна молитва на поединецот. Навечер секој поединец е должен да ја изрецитира Керијат Шема шел арвит прописно според Тора.
Рабин (раби – хебр.) – мериторен толкувач и признаен судија на еврејскиот закон
Синагога – дом на собирање
Шабат (шабат – хебр. сабота) – најголем еврејски празник. На Шабат е строго забрането да се работи. Работите кои ги забранила Усмената Тора се нарекуваат авот мелахот (прототипови на работата) и ги има триесет и девет. Рабинското законодавство ги забранило и работите кои произлегуваат од овие триесет и девет или потсетуваат на нив.
Шахарит (шахарит хебр.) – збирна утринска богослужба или утринска молитва на поединците
Евангелско-методистичка црква
Богослужба - црковен обред на кој се држи проповед, проследен со читање текстови од Библијата, пеење духовни песни, молење итн.
Епископ - највисоката духовна функција. Негова надлежност е да ги застапува црквите во својата епископска област, да се грижи за чистотата на учењето, за правилното функционирање на црквите под негова јурисдикција. Епископот го бира Централната конференција.
Генерална конференција - највисокото законодавно тело на ЕМЦ во светот. Таму се донесуваат сите одлуки во поглед на духовната организација и општата организација на црквата. Исто така, се донесуваат и сите организациски и структурални примени во црквата. Неа ја сочинуваат делегати на сите евангелско-методистички цркви во светот. Се состанува секоја четврта година.
Годишна конференција - одлучува за сите проблеми на црквата во една држава.
Суперинтендент – се поставува од страна на епископот. Тој се грижи за духовните и материјалните потреби на црквата на една годишна конференција. Исто така, тој ја надгледува целокупната работа на окрузите во црквата.
Надзорен пастир - одговорен за еден или повеќе окрузи и ја набљудува целокупната работа во заедниците
Централна конференција - опфаќа една или повеќе годишни конференции. Одлуките донесени на Генералната конференција се верификуваат на Централната конференција.
Округ - најмалата организациска единка во црквата на ниво на месна заедница
Црква - објектот каде што се одржуваат сите црковни активности (богослужби, библиски часови, младински часови, детски часови итн.)Социјален центар - институција којашто се грижи за социјално-хуманитарните потреби на луѓето од црквата и надвор од неа. Социјалниот центар е под надзор на ЕМЦ. |