|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Иницијативи
Фондацијата “Проф. Стамбоилев” годинава награди тројца студенти
Кристина Јакимовска од Машински факултет и Александра Лазарова од Медицинскиот се дв студент кои годинава добија награди за најдобри студенти од фондацијата “Проф. Димитар Стамболиев”, на свеченоста која се одржа по повод 24 Мај, патрониот празник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Годинава, Фондацијата награди уште еден студент на Машински факултет, братот на Кристина Јакимовска, Кристијан, поради неговиот ж успех факултет. Тој, како и другите двајца студенти, наградени со по 20.000, односно 18.000 денари. Наградите се доделуваат по 7 пат, а ги добиваат студентите кои покажуваат одлични резултати на факултетите на кои студираат. Се наградуваат студенти Машински, и од годинава и Меицински факултет. Фондацијата уште пред 7 години ја формирал професорот Димитар Стамболиев од Машински факултет, кој во моментов е во пензија. Од оваа година, т постои како правен субјект со свој управен и надзорен одбор, во кои членуваат универзитетски професори.
“Фондацијата му ја посветувам на мојот триесет и едногодишен син, Коста, кој почина пред четири месеци, а беше дипломиран машински инженер. Решив средствата од моите трудови кои ги објавував претходните триесет години, а сега повторно се публикуваат, да ги вложам во студентите и да ги наградувам за нивниот труд на факултетот. Но, наградата не им се доделува само на успешните студенти, туку и на оние кои ќе завршат со солиден просек во најкраток рок”, објаснува професорот Стамобилев. Тој вели дека фондацијата секоја година наградува по еден до двајца студенти. ..
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Канцеларија за контакт со НВО
Во Собранието на Република Македонија работи канцеларија за контакт со невладините организации, чија цел е да ги поврзе граѓанските организации со законодавните тела, да овозможи поголемо јавно учество во процесот на донесување одлуки, да ја институционализира соработката Собрание-граѓански организации и да обезбеди релевантни податоци и дијалог на таа релација.
Канцеларијата има и свои веб-страници: њњњ.канцеларија.орг.мк; њњњ.цивилоффице.орг.мк, њњњ.право.орг.мк, а граѓаните и граѓанските организации можат да контактираат на цонтацтЖканцеларија.орг.мк. На веб-страницата на канцеларијата е постојано отворен форум, преку кој граѓаните можат да даваат свои препораки и забелешки во врска со актуелните предлози на закони што треба да поминат низ собраниската процедура, да се обратат до пратениците, или да покренат свои иницијативи.
Канцеларијата располага и со правен ресурсен центар, каде што се достапни сите закони на Република Македонија во електронска форма, библиотека, како и електронска збирка на решени случаи од страна на Врховниот суд. М.И.
РОМАВЕРЗИТАС
Поддршка на студентите Роми
Годинава, преку програмата Ромаверзитас на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, се зголеми бројот на стипендирани студенти Роми за уште 50. Програмата се спроведува во партнерство со УСАИД и и ХЕСП – Будимпешта (програма за поддршка на високото образование).
Новина претставува и менторирањето врсници – наместо досегашната практика ментори на стипендистите на Ромаверзитас да бидат асистенти или професори од нивните матични факултети, од годинава таа улога ја имаат студентите кои дипломирале или се пред крај на студиите. Досегашната практика покажува добри резултати во квалитетот на знаењето и совладувањето на материјалот на студиите од страна на стипендистите. Стипендирањето продолжува и наредната учебна година. За информации обратете се на смустафовЖромаверситас.еду.мк. М.И.
Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст
Пригодно промовирана книга од Анри Динан
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8 Мај, годинава беше одбележан и во Македонија со промоција на книгата “Сеќавање на Солферино” од основачот на Црвениот крст Анри Динан, а Македонски пошти издадоа доплатна поштенска марка.
По повод Светскиот ден, кој во Скопје се одбележа под мотото “Да го заштитиме нашето здравје”, се одржа и свеченост во Домот на хуманитарните организации “Даре Џамбаз” на која присуствуваа повеќе јавни личности, политичари, актери, активисти и граѓани. До присутните честитки упати и претседателот Бранко Црвенковски кој подвлече дека “Црвениот крст секогаш бил столб на хуманитарните активности и давал значаен придонес во подигнувањето на свеста на сите субјекти кои имаат одредена улога во светската мисија”. С.Н.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|