|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Поддршка
Волонтери од целиот свет изградија 27 домови на Хабитат во Романија
Хабитат Македонија во септември во Скопје, по втор пат, организира „Хабитат ден - сите партнер-семејства заедно”. На средбата во Екшн-паркот на Скопски саем присуствуваа над 70 од 134 партнер-семејства кои изминатите две години со помош на Хабитат Македонија успеале да ги подобрат условите за живеење во своите домови. Семејствата користеле средства од Хабитат за реконструкција на делови од своите домови, во која учествувале и самите тие. На средбата присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор, на граѓанските и владините организации поддржувачи на целите и мисијата на Хабитат фор хјуманити (Хабитат фор Хуманитѕ). Хабитат Македонија во моментов е активна со две програми кои нудат заеми за реконструкција и реновирање на супстандардни домови во кои живеат семејства кои немаат пристап до комерцијални заеми.
„На средбата со партнер-семејствата беше доделана награда за најдобро искористен заем, која ја доби семејството Ефтимови, кое на својата куќа доградило соба за малата Викторија. На средбата беше организирана и наградна игра во која најмладите членови на семејствата сложуваа сложувалки, а најдобрите ги наградивме со мали подароци со логото на Хабитат”, истакна Дарко Булдиоски од Хабитат Македонија.
Искуства од Романија
На почетокот од септември Хабитат фор хјуманити Романија беше домаќин на најголемото волонтерско градилиште во Европа „Еуро 2007 - Хабитат гради”.
Од 3 до 7 септември беа изградени 27 куќи, по една за секоја земја членка на ЕУ во градот Радаути, во северна Романија. Малото гратче, лоцирано на границата со Украина, новата граница на Европската Унија, пречека 650 волонтери од целиот свет, кои градеа куќи со романските семејства кои сега добија безбеден, пристоен и достапен дом. Радаути тие 5 дена од Хабитат беше прогласен за главен европски град на волонтерството и град предводник во борбата против супстандардното домување. Во изградбата на домовите, по стандардите на Хабитат, работеа и амбасадори, политичари, бизнисмени и претставници од ЕУ, заедно со другите волонтери и семејствата. Со изградбата на 27 куќи се реши проблемот на домувањето на исто толку семејства, но и се поткрепи надежта на уште околу 150.000 Романци кои живеат во услови на сиромашно домување. Целта на настанот, кој следува веднаш по влегувањето на Романија и на Бугарија во ЕУ, е да се подигне свеста меѓу политичарите и дипломатите во Европа да се претстават негативните ефекти од сиромашното домување и истите да станат прв приоритет во домувањето. Учесниците на настанот го истакнаа правото на секој граѓанин на Европската Унија да има простојно место за домување, како што се успешните решенија за домови развиени од Хабитат, кој е најголемиот непрофитен градител на социјални домови во светот.
„Јас посебно ја ценам оваа иницијатива и сметам дека доаѓањето на волонтери од целиот свет да работат заедно и да придонесат за семејствата кои имаат потреба од пристоен дом е прекрасен пример за солидарност, европска вредност, која сега и Романците ќе ја споделат” - изјави амбасадорот Донато Кјарини, претседател на претставништвото на ЕК во Романија. Неговиот домаќин, министерот за развој, јавни работи и домување, Лазло Борбели, истакна дека темата за сиромашното домување е реалност во Романија со која мора сите да се соочат. „Ние оформивме партнерство меѓу сите засегнати страни со цел да се реши проблемот. Ни треба добра координација и соработка да се обноват деградираните области преку интегрирани проекти за урбан развој”, изјави Борбели, на јавната дебата организирана на оваа тема.
Партнери на Хабитат на ЕУРО 2007 беа Водафон (Водафоне) и Лафраж (Лафарге), како и Вирпул (Њхирпоол), Мекдоналдс, Сити груп, Кока кола, Кнауф, Исовер и други, кои донираа материјали, пари или пак испратија волонтери. Хабитат досега има изградено над 200.000 домови низ целиот свет. Во куќите на Хабитат, во над 100 земји во светот, живеат над 1 милион луѓе кои самите учествувале во нивната изградба.
С.Н.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|