ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЦАРДС
Помош за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово
На почетокот на минатиот месец во Брисел, Европската комисија ја одобри Годишната програма за Македонија, Србија и Црна Гора и Косово. Во 2003, преку Програмата за помош на заедниците за реконструкција, развој и стабилизација (ЦАРДС), на Македонија и се доделени 38,5 милиони евра, наменети за реформите и за модернизација. Целта е да се поддржат институционалните и административните процеси во демократијата, економската реконструкција и градењето на граѓанското општество. Девет милиони евра се наменети за проекти за локална инфраструктура, три милиони за програми за високо образование, 2,75 милиони за развој на националните институти за стандардизација, метрологија, акредитација и квалитет, 1,5 милиони за развој на човекови ресурси во претприемништвото, два милиони за зајакнување на царинската администрација, 1,8 милиони за промоција на интеретничките односи, 1,2 милиони за развој на граѓанското општество итн.
Исто така, Европската комисија ги одобри и годишните програми за Србија и Црна Гора, која во 2003 година преку програмата ЦАРДС ќе потроши 229 милиони евра во Србија и 13,5 милиони евра за поддршка на нивните реформи и напорите за модернизација за добро управување, економска реконструкција и развој на цивилното општество. За Косово во оваа година се издвоени 53 милиони евра за итна хуманитарна помош, одржлива реконструкција преку ревитализација на економските активности, градење на институциите и социјален развој.
Г.Ш.
|