10 мај РЕЦ И МЖСПП: Претставување на Проектот за заштита на Охридското Езеро
Во организација на Регионалниот центар за животна средина за централна и Источна Европа и на Единицата за спроведување на Проектот за заштита на Охридското Езеро при Министерството за животна средина и просторно планирање, на 10 мај во Охрид ќе бидат претставени тригодишните активности од овој проект. Ќе биде организирана завршна манифестација, на која ќе се претстави тригодишниот извештај за проектот, кој се спроведува во соработка меѓу владите на Македонија и Албанија, а со финансиска поддршка на Светската Банка. Во рамките на оваа завршна манифестација, предвидена е и посета на Вевчанските извори, кои се заштитена природна реткост..
|