Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Европа

   

ЕУ
Македонија притиска за порано започнување на преговорите за членство во ЕУ

Македонскиот премиер Никола Груевски во текот на септември во Брисел изјави дека неговата влада се надева дека ЕУ следната година ќе даде датум за балканската држава да ги започне преговорите за придружување на блокот.

По разговорите, Груевски зборуваше со комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во Брисел. Комесарот беше воздржан од посочувањето на 2007 година како почетен датум за преговорите, но изјави дека Македонија с$ уште треба да спроведе реформи и да ја зголеми политичката стабилност. Груевски дојде на власт по изборите во јули. За повеќе информации, посетете ја http://www.rferl.org/featuresarticle/2006/9/E5CA1F39-BAF3-4764-92F1-665A3182BE05.html


Оглас за работа
Аналитика – можност за стажирање во Македонија
Аналитика (www.analsticamk.org), експертска група во Македонија, бара стажанти (неплатени). Обврските вклучуваат, но не се ограничени на: поддржување на директорот на Аналитика во неговата агенда за политиката на истражување, како и поддршка на останатиот персонал на Аналитика во управувањето со иницијативите на експертската група.

Од апликантите се очекува да бидат универзитетски студенти или дипломирани, се претпочита интерес за студии на ЕУ. Исто така тие треба да бидат заинтересирани и за политика на истражување. Се бара одлично познавање на англискиот јазик. За повеќе информации: http://www.analyticamk.org,  http://www.eurobrussels.com/eb_link_frame.php?link=http://www.analyticamk.org/vacancies.asp.

(З.В.)


Работилница
Жените и истражување на родот на Универзитетот во Луксембург
На Третата меѓународна и интердисциплинарна работилница на темата „Жените и истражување на родот на Универзитетот во Луксембур”, која од 30 ноември до 1 декември 2006 ќе се одржи во Луксембург, ќе биде дискутирано и за: родовите односи како резултат на социјалните конструкции; промени во текот на времето; различни и слични групи на родови односи помеѓу групи од различна возраст, социо-економски статус, етничко потекло и сексуална ориентација; родови политики; важноста на образованието, социјализација и обука; нормативни ориентации поврзани со градењето родови односи; алтернативни и иновативни форми на вонбрачно живеење на половите; секојдневно однесување на жените, на мажите и на сите други во однос на градењето демократски и солидарни структури и прашања околу усогласување на работата и приватноста. Научници се поканети да ги презентираат своите истражувачки проекти, како и своите резултати и одговори на фундаментални прашања во областа на жените и родовото истражување на заинтересираната и специјализирана публика. Кратки извадоци треба да се испратат најдоцна до 9 октомври 2006 до: Dr. Christel Baltes-Lohr: christel.baltes-loehr@uni.lu. За повеќе информации, посетете ја http://www.mvzt.gov.si/fileadmin/mvzt.gov.si/pageuploads/pdf/znanost/call_papers_eng_fin.pdf.

ШЗ.В.Ќ

Обука
Прашања околу човековите права

Нетворк мигрејшн во Европа организира мултинационален младински форум „Обука за прашања околу човечките права”, за студенти и мултипликатори кои имаат активен интерес за образование за човечки права во контекст на миграција.

Семинарот којшто ќе се одржи од 22 до 26 ноември во Берлин  особено се фокусира на прашања околу (присилена) миграцијата во Европа пред 1989 година и новиот развој по падот на комунистичкиот режим во деведесеттите до денес.

Рокот за пријавување е 31 октомври. За повеќе информации, посетете ја: www.network-migration.org.   

(З.В.)
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA