среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Март

   

Конференција на ПДАС Меѓаши и Здружението на даночните работници 

Финансиска одржливост на граѓанскиот сектор
 
Конференцијата имаше за цел да поддржи силно учество на граѓанскиот сектор во развојот на демократските процеси и во остварувањето на тековните и стратешките интереси на граѓаните на Македонија за забрзување на процесот на прифаќање на општоприфатените меѓународни стандарди и мерила во финансирањето на граѓанските организации

Во организација на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши и Здружението на даночните работници (ЗДР) на 27 јануари годинава, во Скопје, се одржа конференција со наслов “Финансиската одржливост на граѓанскиот сектор – филантропија и оданочување”.

Конференцијата имаше за цел да поддржи силно учество на граѓанскиот сектор во развојот на демократските процеси и во остварувањето на тековните и стратешките интереси на граѓаните на Македонија за забрзување на процесот на прифаќање на општоприфатените меѓународни стандарди и мерила во финансирањето на граѓанските организации, јасни, едноставни критериуми и конзистентни правила и транспарентни процеси на аплицирање за добивање финансии.

На конференцијата беа усвоени и прокламирани неколку препораки за подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации во Македонија: Подобрување на даночната рамка за граѓанските организации во делот на сопственото финансирање и во делот на дарувањето во земјата и донациите од странство (ослободување до одреден износ на  добивката остварена од вршење стопански активности; целосно ослободување на пасивните доходи - закуп, камата, дивиденда); неоданочување на дарувањата кај оние кои даруваат, кај физичките и кај правните лица; изедначување во даночниот третман кога расположливоста на донацијата е во ствари и кога е во пари); Донесување нова регулатива за јавното финансирање на граѓанските организации, со која ќе се воспостават правила, критериуми и постапки, кои ќе се применуваат и за финансирањето на граѓанските организации од единиците на локалната самоуправа; Сите јавни приходи  собрани од игрите на среќа да бидат наменети за финансирање на проекти реализирани од граѓанските организации; Продолжување на подготвителните активности за воведување на т.н. унгарски данок 1% во даночната структура на Република Македонија; Збогатување на структурата на финансирањето на граѓанските организации со издвојување на средствата собрани од плаќањето одредени концесиите за користењето на општонародни добра, на тој начин што мал дел, односно  процент од овие средства би се намениле за финансирање проекти реализирани на национално и на локално ниво; Ослободување од персоналниот данок за исплатите како  надоместоци на трошоците (патните билети, сместување, исхрана и др.) за надворешните лица и волонтерите, ангажирани од  граѓанските организации; Ослободување од ДДВ на образовните и хуманитарните активности на граѓанските организации, како и остварување право на одбивка на претходниот данок за оние активности за кои тоа право е дадено на странските донации за кои Владата на РМ има склучено договор.

Конференцијата беше поддржана од Европскиот центар за непрофитно право ИЦНЛ (ИЦНЛ) од Будимпешта, Амбасадата на Република Унгарија во Македонија, Министерството за финансии на РМ, Центарот за институционален развој и Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

Одржувањето на Конференцијата е одбележани на веб-страницата на ИЦНЛ: www.icnl.org.

Д.М.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA