ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ
Детски и младински центри во осум градови
Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп веќе неколку месеци го спроведува проектот за формирање детски и младински центри во осум градови во Македонија, преку кои се врши бесплатна едукација на деца на возраст од 6 до 18 години.
Во Прилеп, Велес, Штип, Струга, Куманово, Радовиш, Крушево и Тетово се врши обука за користење компјутери и англиски јазик, а се организираат и културно-социолошки и спортски активности. Едукацијата и активностите опфаќаат деца од различни етнички групи: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и Роми.
Целта на овој проект, што го координира италијанската фондација CESVI, е релаксација на меѓуетничките односи, дружење и социјализација на децата.
|