ЕЦФ, ХИВОС и ОСИ Фонд за унапредување на културата на Балканот
На почетокот од 2006 година, Европската културна фондација (ЕЦФ), ХИВОС (Данскиот хуманистички институт за соработка со земјите во развој) и Институтот Отворено општество (ОСИ), лансираа нов фонд за проекти за културна соработка во рамките на, како и со ЈИЕ. чиј следен круг на можности за аплицирање е 1 март 2007. Фондот е посебно наменет за проекти од културата изработени од страна на кандидати од Албанија, од Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Македонија, од Србија, од Црна Гора и од Косово. Управуван е од програмата за грантови на ЕЦФ и ги следи нејзините водечки принципи, со посебен фокус на Западен Балкан. Фондот овозможува поддршка на уметнички проекти, културни и медиумски иницијативи и др, а грантовите ќе им се доделуваат на граѓански организации со историја на висококвалитетна работа во културниот сектор. За повеќе информации, одете на веб-страницата на ЕЦФ.
Повик за предлози Мрежно работење со ЈИЕ
Повикот за предлози за мрежно работење со ЈИЕ е пилот-случај на соработка помеѓу земјите учеснички на полето на истражувачкото финансирање. Изготвен е врз основа на истражувањата на приоритетите и потребите на земјите од Западен Балкан со посебен осврт кон нивната подобра интеграција во европската истражувачка област. Неговата главна тема е мрежното работење на научници кои можат заедно да аплицираат за мултилатерални истражувачки проекти, проекти за мрежно работење и летни школи. Финансирањето ќе биде достапно за тематските области: животна средина, информатички и комуникациски технологии и храна, земјоделство и биотехнологија, а може да учествуваат Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.
Иницијативата е дел од СЕЕ Ера-Нет, проект финансирн од страна на Европската комисија. Повеќе информации на www.see-era.net/pjc.
Регионален центар за животна средина (РЕЦ) Поддршка на граѓанските организации во ЈИЕ
Страницата www.rec.org , која е поддржана од www.sida.se, го објавува почетокот на првиот круг од повикот за предлози за финансирање проекти на организации кои работат на полето на заштита на животната средина на темата „Урбаната животна средина во регионот на Западен Балкан и нејзината одржливост”. Оваа грант-програма има за цел да ги идентификува и поддржи регионалните и националните проекти иницирани од страна на граѓански организации, со цел да се промовира и унапреди урбаната одржливост во ЈИЕ (Албанија, БиХ, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово).
Програмата настојува да им овозможи на членовите на граѓанските организации да ги фокусираат своите активности на проблемите поврзани со урбаната животна средина во ЈИЕ и нејзината одржливост. За повеќе детали во врска со програмата, посетете ја веб-страницата: www.rec.org/sector/. Проектот трае од април 2006 година до април 2010 година.
Меѓугранична соработка Соседска програма Грција и Македонија
Управниот одбор ИНТЕРРЕГ ИИИА / на Министерството за економија и финансии на Грција, во координација со ЕАР – Македонија и Единицата за координација на програмата – Секретаријатот за европски прашања, Македонија, собираат предлози за проекти кои ги третират следните приоритети: прекугранична инфраструктура; економски развој и вработување; квалитет на животот/животната средина со финансиска помош од Соседската програма на Грција и Македонија 2004 и 2005 на европските општини. За детални насоки за кандидатите, како и за деталите на овој повик и за други информации, можете да се консултирате на страницата њњњ.интеррег.гр, или да контактирате со заедничкиот технички секретаријат. Деталниот конкурс исто така е објавен и на следните страници: www.ear.eu.int (ЕАР) и www.sep.gov.mk (Секретаријат за европски прашања). Крајниот рок за поднесување за фондовите на КАРДС (за кандидатите од Македонија) е 21 февруари 2007 година. За повеќе информации, посетете ја страницата на ЕуропеАид.
|