|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ПРИЛОГ 3: Разлики во бројот на верници |
Во Адресарот, верските заедници имаат наведено точен (за оние кои водат евиденција на членство) или проценет број на верници. Во случаите на Македонската православна црква и Исламската заедница во Република Македонија, наведени се проценки и за бројот на верници кои во моментот не живеат/престојуваат во Македонија.
Во табелата подолу, направена е споредба на податоците наведени во Адресарот, со оние констатирани на последниот Попис на населението, спроведен во 2002 година (според одговорите на прашањето “Изјаснување за вероисповед”), а кои се обезбедени од Државниот завод за статистика на Република Македонија. |
Верска заедница |
Попис |
Попис (%) |
Адресар |
Православни |
1,310,184 |
64.78 |
2,000,000 |
Муслимани |
674,015 |
33.33 |
900,000 |
Католици |
7,008 |
0.35 |
17,391 |
Христијани (не е наведено која заедница) |
15,862 |
0.78 |
904 |
Протестанти |
520 |
0.03 |
|
Адвентисти |
487 |
0.02 |
5,000 |
Баптисти |
102 |
0.01 |
100 |
Евангелисти |
272 |
0.01 |
1,000 |
Евангелисти-методисти |
1,303 |
0.06 |
5,000 |
Реформисти |
28 |
0.00 |
|
Јеховини сведоци |
1,105 |
0.05 |
1,100 |
Припадници на еврејската заедница |
71 |
0.00 |
208 |
Хари кришна |
40 |
0.00 |
200 |
Не е наведена вероисповедта |
433 |
0.02 |
|
Не се верници (атеисти) |
3,524 |
0.17 |
|
Не се изјасниле |
1,377 |
0.07 |
|
Непознато |
6,216 |
0.31 |
|
Вкупно |
2,022,547 |
100.00 |
2,930,903 |
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|