ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ - СТРУГА
Македонско-албански етно средби
Организацијата на жените од Струга изминатите девет месеци работеше на проектот „Етнологија вчера, денес и утре”, финансиран од Фондацијата ПХАРЕ - Цредо. Проектот, во соработка со организацијата „Дружба Преспа” од Поградец, Албанија, имаше за цел развивање и популаризирање на добрите меѓусоседски односи, запознавање со народните обичаи, етнолошкото богатство и традиции, се одвиваше преку меѓусебни средби од двете страни на македонско-албанската граница.
|