|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Центар за човекови права „АМОС“ – Битола
Национален тренинг-курс за едукација за човекови права со млади
Центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, од 15 до 21 декември во Битола, ќе спроведе национален тренинг-курс за едукација за човекови права со млади, поддржан од Советот на Европа, Директоратот за млади и спорт – во рамките на Младинската програма за едукација за човекови права.
Овој курс има за цел да ја развие компетентноста на учесниците кои ќе работат на едукација за човекови права на локално и национално ниво и да ги оспособи да делуваат како фацилитатори во едукацијата за човекови права, посебно низ развојот на проектите кои ќе имаат влијание, првенствено и главно на базично ниво – и во неформалната и во формалната едукација.
Курсот е дизајниран за учесници кои се или кои делуваат како: тренери активни во неформалната едукација, посебно во младинските организации и здруженија, во активностите со младинска работа или во други граѓански организации кои имаат врска со едукацијата за човекови права; и, наставници активни во формалниот образовен систем.
Апликациите мора да бидат испратени до Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола, заедно со писмо за поддршка од организацијата или институцијата која ги испраќа. Краен рок за аплицирање е 5 ноември 2003 година. Патните трошоци ќе бидат подмирени во висина на вредност на автобуски билет во два правца. Сместувањето и храната ќе бидат обезбедени и покриени од Центар за човекови права „АМОС“- Битола. Тренингот ќе се одржи во хотелот „Молика“ – Битола.
За подетални информации обратете се на тел. 047/252-307, лице за контакт е м-р Сашо Кочанковски.
Г.Ш. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|