|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Буџетот на РМ, буџетскиот процес и учеството на граѓаните
Процесот на подготовка на буџетот
За прашањето на државниот буџет, како област која се однесува на планирањето на приходите и трошоците на јавниот сектор, во Македонија се дискутира единствено во институциите и академските кругови. Јавноста има многу малку познавања од оваа област. Со намера да придонесе кон подобрено разбирање на оваа област, Граѓански свет од претходниот број започна да ги презентира основните концепти поврзани со државниот буџет, процесот на неговата подготовка и можноста граѓаните да остварат влијание. Задача на буџетскиот процес
Буџетскиот процес е збир на правила (формални и неформални) кои & овозможуваат на владата да донесува одлуки што водат до подготовка на буџетот, негово предлагање и прифаќање во парламентот и потоа негово извршување. Во буџетскиот процес Владата го дефинира општиот план за буџетот, во рамките на кој се донесуваат одлуки за дистрибуцијата на буџетските ресурси.
Кои се главните учесници во буџетскиот процес?
Главните учесници во процесот на подготовка и усвојување на националниот буџет се: Парламентот, Владата, Министерството за финансии, корисниците на националниот буџет и граѓаните.
Парламентот, како тело кое ги претставува сите граѓани, врши контрола на извршната власт и остварува функција на законодавно тело во земјата, дискутира за владината фискална политика на состанок на соодветната парламентарна комисија и на парламентарна дебата. Само по одобрување од Парламентот, трошоците и политиките за прибирање на приходите стануваат дел од буџетот за наредната година.
Владата ги извршува политиките одобрени од Парламентот. Улогата на Владата во буџетскиот процес е да предлага фискална политика и да ја дефинира националната буџетска политика во контекстот на економските, социјалните и политичките цели кои биле утврдени. Задачата на Владата е да ги дефинира мерките кои се неопходни за прибирање приходи и подготвува предлози за дистрибуцијата или алокацијата на буџетските средства по индивидуални цели и приоритети.
Министерството за финансии во суштина е еден од корисниците на буџетот, но исто така тоа има важна улога во буџетскиот процес. Тоа ја извршува целата работа за Владата, која се однесува на прибирање на ресурсите за буџетот и нивното исплаќање. Министерството за финансии преку своите агенции го скицира и проверува буџетот, што значи планира и внимава на извршувањето на јавните приходи и трошоци. Тоа е одговорно за предлози и совети поврзани со макроекономската рамка, фискалната стратегија и предвидувањата за приливите во националниот буџет.
Корисници на националниот буџет се сите институции, министерства, државни агенции и претпријатија кои се финансираат од националниот буџет. Оваа група ги вклучува и Парламентот, Претседателот на државата, Владата, министерствата. Корисниците на буџетот треба да ги користат буџетските средства за целите за кои биле финансирани.
Граѓаните - ние живееме во политичка заедница во која ги избираме нашите претставници во власта. Тие донесуваат одлуки за сите важни прашања во земјата, па и за буџетот. Граѓаните и различни владини и други структури можат да бидат активно вклучени во буџетскиот процес. Преку медиумите, преку академските институции, граѓанските организации и интересните групи, јавноста може да биде вклучена во дебатата за усвојување на буџетот и алокацијата на буџетските средства.
Основни фази на буџетскиот процес
Буџетот е резултат на процес кој се состои од три фази.
Прва фаза: Подготовка и планирање на буџетот
Во првата фаза се планираат приходите и трошоците. Оваа фаза трае околу 6 месеци и започнува во април.
Министерството за финансии подготвува извештај за макроекономската и фискалната ситуација за тековната фискална година и ги предлага целите на фискалната политика. Откако Владата ќе го прифати предлогот, овие принципи на фискалната политика стануваат основа на следните чекори на буџетскиот процес. Во следниот чекор Министерството за финансии на буџетските корисници им доставува насоки врз основа на кои тие ги скицираат потребните буџетски средства, истовремено имајќи ги предвид средствата кои се на располагање и ограничувањата. Буџетските корисници ги доставуваат до Министерството за финансии нивните нацрт-барања кои потоа се прилагодуваат на планираното ниво на буџетски приходи.
Втора фаза: Предлог и одобрување на буџетот
Втората фаза е фаза на парламентарната дебата.
Во оваа фаза Владата дискутира за предлог-буџетот и за Законот за извршување на буџетот и најдоцна до 15 ноември го доставува до Парламентот. Пратениците имаат право да поднесат амандмани на предлог-буџетот кои се доставуваат до сите пратеници пред почетокот на расправата. Расправата во Парламентот се одвива во декември. Најпрвин се води општа расправа, а потоа се расправа за фондовите алоцирани по одделни министерства и на другите корисници на буџетот. На крајот, буџетот се донесува со гласање.
Трета фаза: Извршување на буџетот
Третата фаза е извршувањето на буџетот која вклучува спроведување, супервизија и ревизија.
Корисниците на буџетот ги трошат буџетските средства во согласност со планот и се должни да го известуваат Министерството за финансии во согласност со насоките дадени од страна на истото.
Пред крајот на фискалната година, Министерството дава насоки до сите институции за затворање на буџетот.
Министерството за финансии најдоцна до 31 мај е должно до Владата да достави завршна сметка на буџетот. По утврдување на завршната сметка од страна на Владата, истата се доставува за разгледување и донесување до Парламентот најдоцна до 30 јуни.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|