|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Светска банка
Сиромаштијата на дневен ред
Светската банка ја стави борбата против сиромаштијата на врвот на агендата на своите активности. Еден од најважните методи за таа борба, во стратегијата на Светската банка, е зајакнувањето на капацитетите на сиромашните луѓе. Паралелно со вториот приоритет – подобрување на генералната клима на инвестирање во земјите во развој, зајакнувањето на сиромашните треба да придонесе кон поправедна распределба на силите во светот.
Светската банка издаде и книга во која ја претствува својата, вака конципирана стратегија и која претставува извор на информации поврзани со зајакнување на сиромашните земји и нивните човечки ресурси. М.И.
Доделена Наградата за меѓународен развој - Крал Бодуен
Наградениот Усмане Си од Мали е човек со визија
Фондацијата Крал Бодуен неодамна му ја додели Наградата за меѓународен развој Крал Бодуен на Усмане Си од Мали, човек со визија, пионер на дејствата поврзани со владеењето во Африка. За добитникот, владеењето воопшто не претставува апстрактен концепт. Тој го примени на дело во Мали преку децентрализацијата на јавното владеење кое повторно премина во рацете на народот, на општините, на селата преку различните процеси на демократска партиципација. Како што нагласи Изборниот комитет, зборувајќи за оправданоста на нивниот избор, наградата за 2004-2005 му е доделена на Усмане Си поради силата на неговата визија и храброста на неговите убедувања по прашањето за владеењето во Африка. Тој успеа да создаде средина од која ќе произлезе подобра јавна администрација и зголемена стабилност - два услови кои се од суштинско значење за развојот. Усмане Си е роден во 1949 година во Мали и е клучна фигура во процесот на децентрализација и реформи во управувањето во својата земја. Игра и важна улога и во подрегионот на западна Африка, каде се залага реформите имплементирани на локално и на национално ниво да одат во чекор со реформите на регионално ниво. Господинот Си има диплома по економија на земјоделството и замјоделски развој и докторат на тема општествениот и економскиот развој. Пораката на Усмане Си е јасна, а неговото длабоко убедување е дека промената е возможна во Африка, и покрај негативната слика за неа и насловите кои често пати посочуваат на т.н. афропесимизам.
Извештај на Генералниот секретар на ОН
“Поголема слобода”
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Кофи Анан, го издаде својот извештај “Поголема слобода” каде што предлага детален договор по прашањата за сиромаштијата, заканите по безбедноста и злоупотребата на човековите права, додека ги преструктуира ОН преку збир препораки за дејствување од страна на лидерите на државите, на собирот со кој ќе се одбележи 60-годишнината на организацијата. Извештајот се состои од 4 главни дела, од кои 3 се посветени на прегледот на 3-те основни слободи истакнати во Повелбата на ОН (слобода на желбите, слобода од страв и слобода на достоинствено живеење). Четвртиот дел се фокусира на самото зајакнување на ОН. Доколку се постапи според него, предлогот ќе доведе до зголемување на членството во Советот за безбедност, како и основање нов совет за човекови права, што ќе претставува најдраматична промена во функционирањето на ОН остварена одеднаш. Целосниот текст на извештајот е достапен на www.un.org/largefreedom.
Нова публикација на ОН
“World Youth” за 2005
Единицата за млади при Обединетите нации го издаде извештајот на “Њорлд Ѕоутх” за 2005 во неговата првична, непрочистена верзија. Извештајот дава преглед на глобалната ситуација со младите луѓе. Тој ги истакнува следните прашања: влијанието на ХИВ/СИДА на младите луѓе; активното вклучување на младите во вооружените конфликти како жртви, но и како извршители на злосторства; како и зголемената важност на решавањето на меѓугенерациските прашања во општеството кое “старее”. Во него се дадени и препораки за подобрување на постоечката ситуација со младите во целиот свет. Публикацијата содржи 35 страници и е достапна на интернет на: www.eldis.org/cf/rdr/rdr.cfm?doc=DOC17281.
Т.Х.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|