|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
луѓе: Башким Мислими
ТОЛЕРАНЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМ ПОДАРОК НА УМОТ
Професионално искуство Професор по физика, моментално работам во ОУ “Наим Фрашери” Делогожда
Ангажирање во граѓанскиот сектор Во граѓанскиот сектор се вклучив во 1999 година со иницијатива на група интелектуалци од различни националности ја формиравме граѓанската организација Здружение за демократска култура - Толеранца со седиште во Струга. Бев избран за нејзин претседател и ден-денеска ја водам оваа организација која се ангажира за почитување на човековите права, развој на демократските процеси, меѓуетничка толеранција и блиска соработка на граѓаните со локалната и централната власт. Свесен сум дека работата во овие сфери е тешка и бара флексибилност, бидејќи резултатите се слабо видливи, а напорите се големи.
Амбиции Вработување во мојата струка како професор по физика и усовршување на магистратурата, работа во граѓанскиот сектор со можности да им помагам на граѓаните за решавање на нивните права. Исто така, амбиција ми е и отворање на еден центар за поактивно вклучување на граѓаните во одлуките на Советот на општините, особено со донесување на новиот закон за децентрализацијата, кога оштината ќе има повеќе ингеренции.
Хоби и интереси Собирање книги како колекција и нивно читање во слободно време. Малку спорт, средување на мојот двор и прошетки и патувања во места со различни култури.
Во слободното време чита Иако немам многу слободно време бидејќи сум посветен на разни активности и средби за напредување на нашата граѓанска организација, читам различни енциклопедии и новини во мојата професија, особено поврзани за науката и астрономијата.
За време на викенди Доколку немам обрски, времето го поминувам во друштво со сопругата и моите најсакани деца, единаестгодишната Фатјона и деветгодишниот Дрилон. Пијам кафе со друштво и шетам во моето родно место, уживајќи во убавината на Охридското Езеро.
Најтешка одлука Најтешки одлуки донесувам за некого во кого сум вложил, а тој не ми вратил со почит во мојата професионална работа и во граѓанскиот сектор. Тешко ми е и кога треба да ставам лоши оценки кога учениците не знаат.
Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен Лесно прашање, тежок одговор, но бидејќи ги има премногу на врвот, ќе ги ставам економските проблеми, невработеноста и сиромаштијата.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто Развојот на демократските процеси.
Што би променил во Македонија и во светот Граѓаните повеќе да веруваат во граѓанското општество како битен фактор за развој на демократијата. Толеранцијата е најголем подарок на умот.
Совет (порака) Не ставајте му препрека на кој било граѓанин кој е способен да стори нешто, почитувајте ја професионалната спремност да не водат во Европа, за да не бидеме изолирани барајќи визи пред амбасадите.
|
|
|
|
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”. |  |
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процесиЛокалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина? |  |
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролеттаНа 40 километри оддалеченост од Скопје, на границата со Косово и надморска височина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни огништа, откако се иселиле на Косово по случувањата од воениот конфликт во 2001 година во Македонија. Во далечната 1984 година за прв пат е донесена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи невремиња селото останува без струја. Веднаш до Танушевци се селата Брест и Малино. Во сите три села живее албанско население. |  |
Милениумски предизвик
Ветувањата на АмерикаПред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2006 г. Иако петте милијарди долари се само 0,04 проценти од националниот приход на Америка, Буш го наметна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиромаштијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во душата”, рече претседателот. |  |
|
|