РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Што е тоа Архуска конвенција?
Локалната канцеларија во Македонија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа ја издаде брошурата под наслов „Што е тоа Архуска конвенција?”, во која дава кусо и на популарен начин напишано објаснување за принципите и содржината на овој европски документ, кој го ратификуваше и нашата држава.
Конвенцијата за пристап кон информациите за животната средина, учеството на јавноста во донесувањето на официјалните одлуки и пристапот до правдата е појаснета од практичен аспект – со примери како може да се примени во секојдневниот живот.
|