ПОГЛЕДИ
Зоран Стојковски
Небранетите граници на македонскиот невладиниот сектор
Во период кога бројот на официјално регистрирани здруженија на граѓани во РМ ја надмина бројката од 4000 и според квантитивните показатели постојат предуслови за да се каже дека НВО-секторот се вообликува во битен фактор во опшеството, претставниците на здруженијата на граѓани се соочуваат со горчливата реалност да не бидат препознаени како актери на опшествената сцена, ниту од институициите на власт ниту од останатите субјекти во заедницата. Да биде иронијата поголема, огромен процент на оние на кои НВОи по својата функција треба да им служат и да ги застапуваат нивните интереси, немаат познавање како за улогата, така и за постоењето на невладините организации.
Кои се двете најважни причини за постоењето на непрепознатлив и нефикасен НВО сектор во Македонија?
Мотивацијата и посветеноста на членовите на НВОи
Додека владините институции се потпираат врз принципот на хиерархија и наредби, а бизнис-секторот обезбедува (или скратува) паричен надоместок за да ги наведе своите припадници на дадено однесување, членовите на организацииите кои го сочинуваат НВО секторот би требало да се потпираат врз личните вредности и посветеноста во остварувањето на одредени вредности или решенија на потреби/проблеми во заедницата. Во поголемиот број на случаи, во македонските организации, мотивацијата за работење и постоењето на организациите се сведува на добивање на финасиски средства од странските или домашните фондации. Не постои практика на работа со волонтерите кои сакаат да го понудат сопственото драгоцено време за потребите на организациите. Наместо да се создава чувство на заедништво во секој сегмент на функционирањето на организацијата, групата која ја формирала НВО (читај: раководството) диктира однесување што е типично за владините институции и бизнис секторот (авторитарност и финансиска присила). Значи она што ќе му обезбеди препознатливост и автентичност на третиот сектор-мотивацијата и посветеноста, се задушува во самиот почеток преку моделите на третитрање на моќ, што раководствата на македонските НВОи во изобиле ги користат. И тоа со концепти кои во себе не го содржат концептот на граѓанското/невладиниото организирање.
Односите со целните групи
Во односите и релациите со целните групи и заедницата, невладиниот сектор ја нема законската моќ и силата на државата да присилува, ниту капиталот и економската сила за маркетинг и реклама на бизнис секторот. Она што го поседува невладиниот сектор (како можност) е динамиката и моќта на само-организирањето за превземање на активности, во кои можат да се вклучат голем број на луѓе и да се постигне големо влијание во опшеството. Различните начини на вклучување на граѓаните во вршењето пристисок за промени во заедницата, како што се цивилни протести или бојкот на потрошувачите, најчесто има за резултат силна солидарност помеѓу НВОи и граѓаните. За жал честопати се сретнуваме со примери во кои НВОи од кога добиле поддршка за некој проект, се соочуваат со неприфаќање или одбивање на целните групи да учествуваат во проектот. Во поголемиот број случаи, наместо да го "развиваат" сопственото (индивидулано или групно) его, со проекти кои служат само за задоволување на потребите на организацијата, финансиерот или раководителот/те на проектот, организациите треба да "развиваат" јавност која ги поддржува. А тоа ќе се случи само доколку се понуди нешто ново за луѓето во дадена заедница, нешто што недостасува, нешто за кое има потреба. Она што хронично недостасува во активностите на поголемиот дел од македонските НВОи е вклучување на граѓаните во раните фази на планирањето (како и во спроведувањето и оценката) на активностите, за реално да се види кои се потребите и за што навистина тие треба да се залагаат. Наместо на сопствена страна да ги имаат граѓаните, имајќи ја нивната благодарност, солидарност и поддршка (зошто не и финансиска?), НВОи во јавноста најчесто се доживуваат како некои "кои работат таму нешто, но најчесто за сопствена корист". Дали НВО секторот ќе ја има улогата што треба да ја има во секое демократско опшество зависи од самите НВОи. "Градењето" типична атмосфера на граѓанско организирање внатре во и надвор од невладините организации, е првото прашање, на кое македонските НВОи треба да одговорат со задоволителен успех, доколку сакаат да го положат поправниот испит во наредните неколку години.
|