Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 29 Јули-Август2003  Избор

 БуШ сака да го купи соуЧеството на хуманитарните работници

 
Хуманитарците - “огранок на Американската влада” 

Наоми Клеин Администрацијата на Буш си постави нова цел за узурпаторска војна, но не станува збор ниту за Иран, ниту за Сирија или Северна Кореја. Се’ уште не.

Пред да започне со новите авантури во странство, бандата на Буш најпрвин ќе се погрижи за некои работи на домашен терен: ќе ги расчистува оние незгодни невладини организации што го насочуваат јавното мислење против американските бомби и производи.

Војната против НВО се води на два фронта.  Еден начин е да се купи молкот и соучеството на главните хуманитарни и религиозни групи со тоа што им се понудуваат договори за профитабилни рекон­струкции.

Другиот начин е да се маргинализираат и кри­минализираат понезависните НВО,  преку прет­ставување на нивната работа како закана за демократијата. Американсаката агенција за меѓу­народен развој (USAID) е задолжена за делење примамливи понуди, а американскиот Прет­приемачки институт, најмоќното консултативно тело во Вашин­гтон, ја користи моќта да казнува.

На 21 мај во Вашингтон, Ендрју Нациос, директорот на УСАИД (УСАИД), одржа говор во кој ги искритикува американските НВО што не ја изиграле улогата за која многу од нив не ни претпоставиле дека им е доделена: воспоставување односи со јавноста во интерес на Владата на САД. Според “Interaction”, мрежа од 160 НВО за помош и развој, Nacios бил  „иритиран“ поради тоа што на гладните и болни деца во Авганистан и Ирак не им било ставено до знаење дека храната и вакцините ги добиваат како подарок од Џорџ Буш. Од сега натаму НВО мора да работат подобро на поврзување на нивната хуманитарна помош со американската надворешна политика и да стават јасно до знаење дека тие се „огранок на Американската влада“. Во спротивно, соопштува “Interaction”, „Nacios се закани дека лично ќе ги искине нивните договори и дека ќе најде нови партнери“.

Работата на хуманитарните работници е тесно поврзана со американските долари. УСАИД им има кажано на неколку хуманитарни организации што добиле хуманитарни договори дека не треба да зборуваат со медиумите - сите барања од страна на репортерите мора да одат преку Вашингтон. Мери Мекклимонт, ЦЕО на “Interaction”, смета дека овие барања се „без преседан“ и вели „изгледа дека НВО не се независни и не можат да зборуваат за тоа што го гледаат и мислат“.

Многу хуманитарни лидери се шокирани што нивната работа се опишува како „огранок“ на владата - повеќето се сметаат за независни (што би значел и делот „невладини“ во нивното име). Најдобрите НВО остануваат лојални на своите каузи, а не на државата, и не се плашат да им се спротивстават на владите. Помислете на “Медецинс Санс Фронтиерес” што им се спротистави на Белата куќа и на Европската Унија за патентното право за лековите за СИДА, или кампањата на “Human rights Watch”  за укинување на смртната казна во САД.

Самиот Нациос имал можност да ја искористи оваа независност работејќи како заменик-претседател на “World Vision”. Во периодот кога владееше глад во Северна Кореја, Nacios не се двоумеше да ја обвини сопствената влада за задржување на помошта во храна, нарекувајќи го одговорот на администрацијата на Клинтон „многу бавен“ а неговото тврдење дека политиката не е фактор, „тотално бесмислен“.

Не очекувајте таква искреност од хуманитарните организации што  Nacios  сега ги надгледува во Ирак. Сега, од НВО не се очекува ништо повеќе освен мирно да ги предаваат пакетите со големо „од САД за вас“, лого залепено на нив - јавно-приватно партнерство со Бехтел и Халибартон, се разбира.

Тоа е пораката од “NGO Watch”, иницијатива од Американскиот претприемачки институт, Феде­ралното правно ппштество и Јавните политички студии, што за цел го има растечкото политичко влијание на непрофитабилниот сектор. Наведената цел на оваа веб-страница, поставена на 11 јуни, е да „создаде услови за јасно и одговорно работење на рас­цветаниот свет на НВО“. Всушност, станува збор за црната листа на Меккартхит, што измислува приказни за која било НВО што се осудува да зборува против политиката на администрацијата на Буш или ги поддржува меѓународните договори со кои не се согласува Белата куќа.

Оваа бизарна иницијатива како претпоставка ја зема идејата дека има нешто нечесно и злонамерно во тоа што „неизбрани“ групи луѓе се обидуваат да влијаат на нивната влада. „Необичниот пораст на заста­пеноста на НВО во либералните демократии има потенцијал да ја поткопа сувереноста на уставните демократии“, се тврди на таа веб-страницата.

Со оглед на тоа што ова доаѓа од Американскиот претприемачки институт, не е тешко да се претпостави дека има иронија. Како што Раџ Пател, политички аналитичар во калифорниската НВО - “Food First”, нагласува: „Самиот американски Претприемачки институт е НВО, финансиран од најмоќните корпо­рации на планетата. Тие одговараат само пред нивниот одбор кој е составен од “Motorola”, “American Express” и “ExxonMobil”“.

Што се однесува до влијанието, малкумина сметаат дека доаѓа од американскиот Претприемачки институт, чии најналудничави идеи обично стануваат дел од политиката на  Буш. Не е за чудење што Ричард Перл, член и поранешен директор на Одборот на Пентагон за одбранбена политика, е човек на американскиот Претприемачки институт, заедно со Лини Чини, сопруга на потпретседателот, и тоа што адми­нистрацијата на Буш е преполна со поранешни луѓе од американскиот Претпримечки институт. Во една прилика, за време на ручек во АПИ во февруари, Буш рече: „Во американскиот Претпримачки институт најголемите умови на нашата нација работат на најголемите предизвици за нашата нација. Толку добро работите, што мојата адми­нистрација позајми 20 такви умови од Вас“.

Со други зборови, американскиот Претприемачки институт е повеќе од  консултативно тело - тоа е извор на мозоци за Буш. Заедно со изјавите од Нациос, овој напад на непрофитабилниот сектор го означува почетокот на новата доктрина на Буш: НВО не треба да бидат ништо повеќе од хуманитарно крило на војската, што тивко ќе го расчистува теренот по воените судири и гладувањето. Нивна работа не е да бараат начини како да се избегнат трагедиите или да застапуваат одредени решенија. И секако да не учествуваат во анти­мили­тари­стичките и анти­глобалистичките движења што всушност бараат вистински политички промени.

Откачените контролори во Белата куќа овој пат се надминаа себеси. Прво се обидоа да ги замолчат владите што ја критикуваат нивната надворешна политика, купувајќи ги со пакети помош и трговски договори. (Минатиот месец американскиот прет­ставник за трговија Роберт Золик рече дека САД ќе склучува нови договори за трговија само со оние земји што понудиле “соработка или подобрување на надворешната политика и безбедносни прашања“).

За да се осигураат дека новинарите нема да поставуваат незгодни прашања во текот на војната, понудија слободен пристап за новинарите како замена за уредувачката контрола. Сега се обидуваат да ги претворат хуманитарните работници во Ирак и Авганистан во промотори на Америка (онаа на Буш). Американската влада обично се опишува како „унилатерална“, но јас не мислам дека тоа е сосема точно. Администрацијата на Буш можеби изгледа подготвена се’ да прави сама, но тоа што навистина го сака е цели легии на самокритични следбеници, од странските влади до националните новинари и меѓународните НВО.

Немаме работа со волк самотник; туку со овчар. Прашањето е: кои НВО ќе играат улога на овци?

(The Guardian - www.nologo.org)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA