13 февруари - 30 март
Обуки за развој на женски НВО
Во рамки на Женската програма и Програмата за граѓанско општество на ФИООМ, во соработка со Акција здруженска, во текот на февруари и март ќе се одржат серија двомодуларни обуки наменети за женски НВО. Обуките се одржуваат во следните периоди: 13-16 февруари, 20-23 февруари, 27 февруари - 3 март, 13-16 март, 20-23 март и 27-30 март, во Охрид.
Целта е надградба на вештините и знаењата на женските НВО за моделите на функционирање и за рамката на функционирање на НВО, како и за улогата и начинот за подобрување на положбата на жените во Македонија.
|