|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Александар Тодоровски
Волонтирањето е ЗАКОН !!!
Професионално искуство Студент на Машинскиот факултет, отсек индустриски менаџмент.
Ангажирање во граѓански сектор Осумгодишно искуство во Младинскиот културен центар - Битола, најпрво како волонтер, додека последниве неколку години работам како лице задолжено за меѓународни волонтерски размени.
Хоби и интереси Сурфање на интернет.
Најтешка одлука Па, досега не сум имал некоја тешка одлука која би можел да ја издвојам.
Амбиции Моите амбиции се насочени кон збогатување на моето искуство во невладиниот сектор, а секако, тоа значи, по завршувањето на мојот факултет, мое доусовршување надвор од границите на Македонија во областа на невладиниот менаџмент.
Во слободното време чита: Па, секако читање, проучување на материјалите, студии, билтени, сe поврзано со моите амбиции за унапредување и издигнување на високо ниво на комуникациските односи. Секако, понекогаш кога имам повеќе слободно време сакам да прочитам и некоја добра книга.
Каде оди во слободното време Па, преку работните денови во слободното време, кое скоро и да го немам, максимално го користам за спортување и посета на некое кафуле со пријателите.
За време на викендите ... Скоро секогаш практикувам пиење кафе на Широк сокак со пријателите со разговор на тема што ќе исполни и релаксира, додека другиот дел од времето се трудам да го посветам на семејството и семејните активности.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто? Сe уште многу работи во државата не се јасни. Како и да е, секој граѓанин, млад или стар, има одговорност да знае што се смета за „илегална постапка” во општеството. Треба да се дејствува цивилизациски. Потребни се поголеми заложби за јавно објавување на законите и поддржување на секој легален политички напор за намалување, појаснување и кодификување закони. Дражавата и Владата треба низ своите канали да удрат на сe што е илегално. Секој да се држи на начелото дека секој човек е еднаков пред законот.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Во поголем дел од светот, сe уште тешко се патува, присутно е насилството, тиранијата, им се дозволува на безумните и злобните луѓе да можат да приграбат моќ на власт и да ја користат за сопствени интереси.
Што би променил/а во Македонија и во светот? Па би ја променил свеста кај луѓето. Секој да работи напорно за благосостојба на сите, а не за некоја посебно заинтересирана група.
Совет/порака Волонтирањето е ЗАКОН!!!
Никогаш не би можел/а Па, никогаш не би можел да поднесам неправда.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|